Свет
„Зимски пекол“ на Кипар: Град колку орев го отепа земјоделскиот род и направи пустош (ВИДЕО)

Невремето кое во понеделникот го зафати планинскиот масив Троодос на Кипар, а беше проследено со град чии зрна беа со големина на орев, предизвика пустош на земјоделските насади кои беа пред почетокот на бербата.
Град со големина на ореви за само неколку минути ги покри патиштата со слој мраз во висина од седум сантиметри. Истовремено, температурата на воздухот од 20 Целзиусови степени за само неколку минути се спушти на само 5 степени.
Годинешната жетва е целосно уништена, апелираат жителите на планинските села кои бараат државна помош за да ја пребродат оваа голема несреќа и криза која ги снајде. Земјоделците соопштија дека невремето предизвикало пустош врз нивните земјишта и дека овоштарниците се уништени неколку дена пред бербата.
Свет
Тужба: TikTok и шпионирање на демонстрантите во Кина

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, и помогна на Кина да ги шпионира демонстрантите, според тужбата поднесена од поранешниот извршен директор на компанијата во САД.
Во тужбата што ја поднел против неговата поранешна компанија, Џинтао Ју тврди дека ByteDance, која ја поседува апликацијата TikTok, и помогнала на Кина да ги шпионира демонстрантите и активистите за граѓански права во Хонг Конг. Наводно тоа го направила дозволувајќи им на членовите на кинеската Комунистичка партија (ККП) да пристапат до корисничките податоци на демонстрантите, пишува BBC News.
Тој тврди и дека не биле шпионирани само учесниците на демонстрациите, туку и корисниците кои објавувале содржини поврзани со протестите. Покрај тоа, членовите на ККП наводно имале пристап до податоците на американските корисници.
Портпаролот на ByteDance ги отфрли овие наводи како неосновани.
Како ByteDance наводно и помогнал на Кина во шпионирањето?
Наводно, ByteDance им дал на членовите на одборот на ККП пристап до ингеренциите за „супер кориснички“, познати и како „божји корисници“, што им овозможило да ги идентификуваат и лоцираат демонстрантите, активистите за права и поддржувачите на демонстрациите во Хонг Конг од 2014 до 2018 година.
Во тужбата, Ју тврди дека членовите на одборот не биле вработени во ByteDance, туку всушност дошле во канцелариите на компанијата во Пекинг. Тој факт, пишува тој, бил општо познат меѓу високите директори на компанијата. Тој беше вработен во компанијата приближно една година, почнувајќи од летото 2017 година.
Актуелниот портпарол на компанијата ги негира неговите наводи и вели дека фирмата „енергично планира да се спротивстави на неоснованите тврдења“. Во својот одговор за BBC, тој истакнува дека е интересно што Ју овие тврдења ги изнесува и пет години по престанокот на работниот однос и ги припишува на целта да привлече внимание.
Тужбата доаѓа во време кога апликацијата TikTok се соочува со интензивна контрола и забрани ширум светот. Некои држави им забранија на вработените во владините структури да ја користат апликацијата на официјални телефони, додека американската сојузна држава Монтана стана првата држава што донесе целосна забрана за користење на оваа платформа. Сите забрани доаѓаат поради сомневање за неовластено собирање на кориснички податоци.
Свет
САД бараат повлекување на 67 милиони воздушни перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата бара повлекување на 67 милиони воздушни перничиња од возилата бидејќи верува дека има безбедносен проблем.
Сепак, добавувачот на автомобили ARC Automotive го одби барањето на американското регулаторно тело, според документите објавени во петокот.
Во возилата на компаниите General Motors, Stellantis, BMW, Hyundai и Kia Motors се поставени воздушни перничиња „ARC“.
Во петокот, Џенерал Моторс се согласи да повлече речиси милион возила со воздушни перничиња ARC по инцидентот со воздушните перничиња во март, кој повреди возач.
Извор: Rtv
Свет
(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Милано, горат повеќе возила

Неколку возила се запалија во центарот на Милано, Италија, откако експлодираше комбе со боци со кислород. Едно лице е повредено, а пожарот зафатил неколку возила и околни објекти.
Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека комбето превезувало 20 боци со кислород, секоја со волумен од 32 литри, кога тие експлодирале, предизвикувајќи домино ефект. Комбето било паркирано на раскрсницата.
SkyTG24 емитуваше снимка од миланската област Порта Романа, на која се гледаат високи облаци од црн чад и пожарникари на местото на настанот.
Scene of explosion in Milan, Italypic.twitter.com/94aJPjaymD
— The Spectator Index (@spectatorindex) May 11, 2023
Најмалку пет автомобили и четири мопеди се зафатени во пламен, пренесува Sky News.
Во експлозијата е повреден возачот на комбето, му изгорела раката. Полицијата го опколи местото на настанот.
La Repubblica наведува дека првичната експлозија најверојатно започнала од моторот на комбето и дека пожарот поради присуството на боца со кислород се проширил побрзо отколку што возачот успеал да го изгаси.
Евакуирани се блиското училиште и домот за стари лица.
-
Временска прогноза1 ден
Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 јуни)
-
Македонија12 часа
Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат
-
Временска прогноза6 часа
Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (11 јуни)
-
Автомобили2 дена
Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло
-
Мобилни уреди2 дена
Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android
-
Магазин2 дена
Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp