Временска прогноза
Побелеа планините околу Кичево, се очекува поголема снежна идила во периодот што следи (ФОТО)
Првиот годинешен снег пристигна во кичевскиот регион и на планиските превои се почуствува дека доаѓа зимата, бидејќи се создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри, и сите планини од овој регион со над 800 метри надморска височина побелеа. Снегот не создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот.
– Иако врнежите од дожд беа слаби, сепак, и оваа количина воден талог ќе помогне да се намали опасноста од пожари, кои ги имавме и во претходните неколку денови во регионот помеѓу кичевската и бродска општина и очекуваме за оваа есен повеќе да не се соочуваме со нови пожари – информираа од РЦУК Кичево.
Текст: Зоран А.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Кичево10 часа
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Култура24 часа
Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Хороскоп30 минути
Хороскоп за петок (3 мај)
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
-
Македонија1 ден
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
-
Магазин1 ден
На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон