Здравје и убавина
Дали сте знаеле дека тиквата има моќ против стареење на луѓето?
Ова е вистинско време за уживање во слатките плодови на златната есен. Тука е тиквата што треба да се консумира колку што е можно повеќе заради нејзините корисни состојки.
Го чисти организамот од токсини и богата е со антиоксиданти. Одличена е за зглобовите, помага при повреди на меките ткива, но и во борбата против стресот.
Тиквата е богата со витамин А, кој ги чува очите од дегенеративни промени и катаракта, додека високото ниво на витамин Ц помага во зајакнување на имунитетот и засилување на производството на колаген, правејќи ја кожата блескава и еластична. Исклучително е богата со каротин, што го забавува стареењето и спречува кардиоваскуларни заболувања.
Семето од тиква има високо ниво на протеини и масни киселини кои помагаат во регулирање на холестеролот, штитат од артритис, ја зајакнуваат функцијата на мозокот, додека маслото од семето е одлично за лекување на воспаление на простатата.
Здравје и убавина
Се борите во вишок килограми, оваа намирница во исхраната дефинитивно ќе ви помогне
Многу е важно во дневни активности да вклучите вежбање за да се ослободите од вишокот килограми, но во тоа може да ви помогнат и фстаците. Доколку се борите со вишок килограми и поголем обем на половината, ви предлагаме да ја вклучите оваа намирница во исхраната.
Фстаците се богати со влакна, минерали и витамин Б комплекс, одлични се за подготовка на оброк и ќе ви помогнат подолго да бидете сити. Луѓето кои во својата исхрана вовеле фстаци го намалиле вкупниот внес на калории од јаглехидрати.
Тие 20 проценти од вкупните калории добиле од фстаци, 60 проценти биле јаглени хидрати, 15 проценти протеини и 25 проценти масти. После 6 месеци групата што јадела фстаци имала 1,75 сантиметри помал обем на половината. Исто така, им паднал холестеролот и шеќерот во крвта.
Фстаците можете да ги додадете во смути или во тесто, чорби и супи, да ги мешате со јогурт или да ги јадете како закуска.
/denar
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
-
Кичево2 дена
Вчера кај кичевското с.Лавчани планинар се здобил со скршеница, по пријава на бројот за итни повици „112“ тој бил брзо локализиран на непристапен терен
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (4 февруари)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на дизел и бензин горивата се намалува
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (5 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Детали за временска прогноза оваа седмица, ќе имаме многу ниски температури на утро и релативно сува воздишна маса
-
Lifestyle2 дена
Ослободете се од мравките и лебарките со едноставен трик со паста за заби
-
Lifestyle2 дена
Оцетот не е за сè: 6 работи кои никогаш не треба да ги миете со него
-
На денешен ден1 ден
На денешен ден – 4 февруари (Гоце Делчев, 153 години од неговото раѓање)