Временска прогноза
Денес ќе имаме променливо облачно време, наместа со пороен дожд. Додека од понеделник до петок ќе имаме многу сонце и високи температури
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 29 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Временска прогноза
Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање
Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
-
Култура20 часа
(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 мај)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (8 мај)
-
Автомобили1 ден
Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?
-
Занимливости9 часа
Рекорден профит на Нинтендо, но за сѐ е одговорен најпознатиот водоинсталатер во светот
-
Гејминг40 минути
Една од најпознатите Counter-Strike мапи се чини дека се враќа, на голема среќа за играчите
-
Магазин1 ден
Apple и Samsung ги држат првите 10 позиции на листата на најпродавани мобилни телефони
-
Магазин1 ден
iPhone 17 Slim ќе го замени моделот Plus во генерацијата на телефони на Apple следната година