ЕВЕ КАКО ЌЕ СЕ МЕНУВА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ: Бразилец во грчки ПАОК стана „Македонец”

349 прегледи

Дури и на најнаивните Македонци им станува јасно што се случува при преговорите за спорот за името. Се разбира, освен на оние кои од разни причини не убедуваат по секоја цена да прифатиме промена на нашиот вековен идентитет!

При последните преговори за спорот што Грција го има со нашето име, јужниот сосед ги отвори сите карти па така сосема јасно ги постави своите цели – промена на македонскиот национален идентитет, бидејќи според нив Македонците се Грци.

Тоа, им ги скрати маневарските способности на прогрчките пропагандисти во Македонија кои долго време убедуваа дека промената на името, нема да задира во идентитетот, иако во последниот период, таквите тврдат дека дури и промената на идентитетот не е ништо лошо.

Овојпат Грците (не сакајќи) повторно делуваат спротивно на таквите пропаганди, па отворено покажуваат кои им се целите – имено, според нив, ние со новото име, ако го прифатат нашите власти, ќе мора да се преименуваме во Горномакедонци, или Северномакедонци, додека терминот Македонци ќе биде ексклузивен за Грците.

Токму тоа го покажува последниот случај со фудбалскиот интернационалец Лео Матос кој игра за грчкиот шампион ПАОК од Солун, кој од Бразилец стана „Македонец”.