Дома Случувања Временска прогноза Променливо облачно со повремен дожд

Променливо облачно со повремен дожд

62 прегледи

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме.

За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог. Утринската темепратура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 19 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 26 степени

Close