Следете не

Без категорија

Гумите за џвакање се добри за мозокот

Објавено пред

на

Според најновото откритие на научниците, гумите за џвакање се навистина добри за мозокот, бидејќи џвакањето го поттикнува размислувањето и ги подобрува реакциите.

Во истражувањето направено во Јапонија, научниците тврдат дека во текот на џвакањето се активираат осум зони во мозокот. Една од теориите нуди објаснување дека џвакањето ја зголемува возбудата и доведува до подобрување на протокот на крвта во мозокот.

За време на 30-минутен тест, учесниците во истражувањето имале одредени задачи што требале да ги извршат додека во устата џвакале гуми за џвакање.

Мажите и жените кои не џвакале реагирале за 545 милисекунди, додека на оние кои џвакале им биле потребни 493. При тоа е утврдено дека најактивни биле региите на мозокот одговорни за движење и внимание.

„Нашите резултати покажуваат дека џвакањето ги зголемува возбудата и вниманието, што доведува до подобрување на когнитивите актвиности, тврдат истражувачите од Националниот институт за радиолошка наука во Јапонија.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (3 мај)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Автомобили13 часа

(ФОТО) Официјално најавена Kia „EV6“

Kia подготвува модернизирана верзија на EV6, три години по дебито на овој целосно електричен модел. Официјалното претставување во Јужна Кореја...

Кичево13 часа

(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи

На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се...

Спорт20 часа

ФФМ сеќавање: Десет години од смртта на Илија Атанасовски – Ико, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж..

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците...

Технологија20 часа

На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани

Планирањето и организирањето настани е незаменлив дел од животот на многу луѓе, па веќе имаме бројни апликации и календари кои...

Кичево21 час

Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг

Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа...

Култура1 ден

Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (2 мај)

ОВЕН Се однесувате како личност, која нема време за некои површни средби или за настани што не се вклопуваат во...

Автомобили2 дена

(ВИДЕО) Уникатниот „Aston Martin“ најави нов надграден „V12“ мотор

„Aston Martin“ објави дека V12 моторот не само што не е мртов, туку компанијата го најави и својот фундаментален редизајн....

Технологија2 дена

„Google“ отушта цел „Python“ тим кој бележеше успеси во фирмата, управата вели дека им треба ефтина работна сила

Одлуката е донесена како дел од стратегијата за намалување на трошоците, што всушност значи ангажирање работници надвор од Соединетите Американски...

НАЈЧИТАНИ