Следете не

Занимливости

Порта Хороскоп за денес (21.8) Вторник

Објавено пред

на

Овен 
Финансиската состојба ќе ви се подобри и поради тоа ќе имате можност да ја купите онаа чанта која многу ви се допаѓа. Потребна ви е поголема физичка активност за подобро да се чувствувате во својата кожа.
Бик
Наместо денот да го искористите додадувајќи се дома, искористете го за некоја трансформација. Нека биде ваша одлука дали ќе направите нешто ново со вашиот дом, или ќе направите нешто со вашиот изглед.
Близнаци
Денес бидете подготвени за неколку нови познанства. Исто така, одговорете на поканата која ја добивте од личноста која ви се допаѓа, време е за нешто ново. Внимавајте на здравјето, можно е да се чувствувате уморно поради болките во главата.
Рак
Доста беше излежување во својот дом, време е за забава. Денот поминете го надвор од дома, дружејќи се со своите пријатели. Посетете некој ресторан со вкусна храна, или некое новоотрорено кафуле. Здравјето е добро.
Лав
Поради добрите резултати за вашиот труд од минатата недела, време е да се почестите. Подгответе си вкусна храна и уживајте заедно со својот партнер. Внимавајте на финансиите, стрпете се од некои трошоци.
Девица
Денешниот ден искористете го за тотален одмор на вашето тело. Потребна ви е релаксација и на мозокот, поради тоа денеска не донесувајте никаква одлука. Ви претстои долг разговор со личност од минатото со која сте изгубиле контакт.
Вага
Уживајте потполно во денешниот ден. Наместо да размислувате на иднината, размислувајте само на сегашноста и на убавите работи денес. Можни се промени во вашиот љубовен живот, мислете позитивно и ќе се случи најдоброто.
Шкорпија
Денес ќе се чувствувате посебно весело, а и вашата енергија ќе биде на ниво. Затоа, искористете ја на најкорисен начин, посетете пријател, или пак поминете го денот со партнерот, кој и онака планира да го помине денот со вас.
Стрелец
Внимавајте на здравјето. Прекумерните физички и интелектуални напори, влијаат на падот на вашата енергија и ве изложуваат на стрес. Вечер посветете се на самите себе, а ќе биде уште подобро доколку порано отидете на спиење.
Јарец
Ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака, но немојте да се предавате. Некои луѓе ќе бидат критички настроени на вашето однесување, а тоа вас ќе ве навреди, но сфатете го тоа како добронамерен совет.
Водолија
Обврски и задолженија ќа има многу, па ќе бидете соочени со заостанување и недовршена работа. Важно е да не ги губите нервитае и да водите сметка за тоа да не си допуштате многу со приговорите упатени кон вашите надредени.
Риби
Доколку имате храброст, промените во вашиот живот ќе влијаат позитивно и ќе бидат успешни. Денес не бидете попустливи и вашата гордост нека биде на прво место. Дури и кога се работи и за пријателите и за партнерот.

Занимливости

(ВИДЕО) Што има во бесконечноста, ѕирнете со неверојатниот зум до месечината

Објавено пред

на

Може да се разговара на многу теми за NASA или SpaceX, а може и со твојот Nikon P900 или P1000, кој доаѓа со 24-2000 мм, односно 24-3000мм леќи што можат да извадат над 83x оптички зум да се забавуваш до месечината.

Еве како тоа би изгледало, иако верзиите P на Nikon се релативно стари, уште држат цени на пазарот и несомнено се во топ 5 зумови во светот.

Погледнете го неверојатното видео, наш македонски продукт:

Прочитај повеќе...

Занимливости

Астронаутите ќе живеат и работат на Месечината до 2030-та година, мисијата „Артемис 1“ е првиот чекор кон долгорочно истражување..

Објавено пред

на

©porta.mk

Официјален претставник на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) денеска изјави дека до 2030 година астронаутите ќе живеат и ќе работат на Месечината.
Шефот на лунарната програма Орион изјави дека мисијата Артемис 1 е „првиот чекор кон долгорочно истражување на длабоката вселена“, пренесува лондонски Гардијан.

Хауард Ху, шеф на програмата за лунарното вселенско летало на американската вселенска агенција Орион, рече дека луѓето би можеле да бидат активни на Месечината пред 2030 година, со живеалишта во кои ќе живеат и ровери за да ја поддржат нивната работа и движење околу површината на единствениот сателит на Земјата.

„Секако, во оваа деценија ќе имаме луѓе кои ќе останат на Месечината долго време и ќе имаат објекти за живеење и ровери на земјата. Ќе имаме луѓе на површината на Месечината. Тие ќе живеат таму и ќе живеат науката“, изјави Хју во денешното интервју со новинарката Би – Лори Куенсберг од BBC.

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Google“ го олеснува пребарувањето на Светското првенство во фудбал кое стартува од утре и ќе се одржува во Катар

Објавено пред

на

Пребарувањето на Google може да ви помогне да не пропуштите ниту еден натпревар од Светското првенство на ФИФА што сакате да го видите кога ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Ако пребарувате за „Светско првенство“ на Google, ќе видите посветен дел на врвот со список на претстојните натпревари, заедно со нивните датуми и вашето локално време.

На мобилен телефон, или во прелистувачот или во апликацијата Google, ќе имате опција да поставите известувања за одредени тимови со допирање на иконата „ѕвонче“ во горниот десен агол на екранот, а потоа избирање на тимот што сакате да го следите . Исто така, ќе можете да го следите резултатот во реално време каде и да сте со допирање на натпреварот што сакате да го следите, а потоа повлечете го и пуштете го каде било на екранот.

Известувањата се чини дека не се достапни за десктоп, но посветен панел на Светскиот куп на Google ќе ви прикаже детална статистика и ќе добие шанси на сите уреди. Кога ќе започнат игрите, ќе можете да гледате и видео моменти од ФИФА+, сервисот за стриминг на асоцијацијата и официјалните радиодифузери, вклучително и БиБиСи директно на страницата со резултати. Дополнително, ќе можете да играте со или против други фанови во играта со повеќе играчи, каде што можете да ја изберете вашата страна за вистинскиот натпревар и да постигнувате виртуелни голови за нив.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Дневен хороскоп за среда (30 ноември)

ОВЕН Можно е сега да не ви одговара да се занимавате со работа во која се вклучени групи на луѓе,...

Социјални мрежи10 часа

„WhatsApp“ воведува нова функција за своите корисници која практично ќе служи како „нотес“ или потсетник

WhatsApp воведе нова функција која ви овозможува да си испраќате пораки како потсетници и листи за купување, потврди Мета. Таа...

Магазин10 часа

Добредојде за новиот „Wallero“ неодоливо крцкав, кремаст со волшебен вкус на ванила и кокос

Заедничко добредојде за најновиот продукт, неодоливото „Wallero“ чоколадо во вафел, полнет со млечен крем, крцкав, со волшебен вкус на ванила...

Временска прогноза12 часа

Од утре нов влажен бран кој носи снег и дожд, ова се последните метео вести

Како што беше најавено од наша страна, првиот снег за оваа сезона се спушти и на помала надморска височина, поточно...

Технологија15 часа

Apple има огромни проблеми со фабриката за iPhone во централна Кина

Насилниот револт на работниците во најголемата фабрика за iPhone во светот во централна Кина дополнително го попречува снабдувањето и нагласува...

Спорт15 часа

Судиска анализа за прва и втора македонска фудбалска лига, на мечевите од 16, односно 13-то коло

Судиска комисија вчера ги разгледа и ги истакна спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните...

Култура15 часа

Денес е Св. Апостол Матеј, вечно име на сите кои го слават овој празник

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ...

Здравје и убавина20 часа

Внимавајте од мувлата на храната, таквите намирници можат да бидат фатални по здравјето

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и...

На денешен ден1 ден

29 ноември – На денешен ден

1314.- Почина францускиот крал Филип IV фер (Филип ле Бел), кој во 1306 година ги протера Евреите од Франција и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (29 ноември)

ОВЕН Пред да одлучите да направите промени, размислете добро дали само досадата ве мотивира. Имено, тоа не е доволна причина...

НАЈЧИТАНИ