Без категорија
Хотел за мртви – профитабилен бизнис во Јапонија

“Ако некој побара соба за себе во “Lastel”, му објаснуваме дека подобро е да не биде во состојба за да го примиме” кажува сопственикот на необичниот хотел.
Зградата со цветни прозорци во Јокохама, предградие на Токио е најнеобичниот хотел во светот. Имено, во него ги примаат само оние кои ја испуштиле душата!
Хотелот Lastel располага со 18 ладилници за тело, а цената за еден ден изнесува 157 долари (12.000 јени).
Пријателите и роднините кои сакаат да му дадат последен поздрав на починатиот, можат да дојдат и тоа да го направат во Lastel.
Во Јокохама за кремирање се чека по четири дена, па затоа хотелите како Lastel се многу барани.
“Во спротивно, луѓето ќе мораат да ги чуваат телата на починатите дома, каде што нема доволно простор ни услови” кажува Терамура сопственикот на хотелот.
Во Јапонија стапката на смртност е многу висока, минатата година починале 1,2 милиони луѓе, а годишната стапка на смртност изнесува 0,95%, додека во САД изнесува 0,84%.
Во просек секоја година умираат 23.000 луѓе повеќе од претходната, а спрема проценките во 2040 година ќе починат 1,66 милиони луѓе.
Поради тоа и погребната индустрија е во пораст. Годишно за погребални услуги во Јапонија се троши околу 21 милијарда долари, односно двојно повеќе отколку Американците годишно што трошат за погреби.
Без категорија
Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.
Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.
Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:
- Windows 10 Home, version 20H2
- Windows 10 Pro, version 20H2
- Windows 10 Pro Education, version 20H2
- Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2
Извор: Betanews
Без категорија
Од сега споделувајте видеа директно од YouTube на SnapChat

Корисниците повеќе нема да мора да копираат или на друг начин да се обидуваат да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat.
Сега корисниците на Android и iOS можат директно да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat камера, било на Stories или на поединечни Snaps. Исто така, можно е да се применат креативни слоеви, како што е текстот, додека автоматизираните налепници на Snapchat ќе ги одведат гледачите директно до видеото, било во апликацијата YouTube или во веб-прелистувачот.
Сè што треба да направите е да кликнете на „сподели“ во апликацијата YouTube и да изберете Snapchat кога ќе се појави како опција. Snap истакнува дека ова е прв пат линковите на YouTube да можат визуелно да се споделуваат.
Новата опција ќе биде од посебно значење за оние кои сакаат да споделуваат пократки клипови, а за тоа на YouTube има Shorts кои се соодветни за апликацијата Snapchat.
Без категорија
Вечерва во „Куќа на Уметност“ концерт во живо на Ален Хасановиќ

Повторно на ваше барање во „Куќа на Уметноста“ доаѓа Ален Хасановиќ. Сите кои сеуште не го испланирале викендот и вечерта, слободни уште неколку места.
Резервации: 071/321-166
-
Кичево16 часа
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза18 часа
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Магазин2 дена
WhatsApp спреми големо ажурирање
-
Кичево2 дена
15 Години Conquering Lion во Република 96250
-
На денешен ден2 дена
19 мај – На денешен ден
-
Магазин17 часа
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години