Здравје и убавина
Колку брчки е нормално да имате на 20, 30 и 40 години?

Отприлика до 25-та година од животот трае растот и развојот на жените, а првите брчки стануваат видливи по средината на 20-тите години. Поради хормоналната нерамнотежа, регенерацијата и производството на колаген и еластин е побавно, затоа и тие процеси побавно се одвиваат.
Првите знаци на стареење можат да се влошат и со некои лоши животни навики, па затоа пушењето, малиот внес на течности, изложеноста на стрес и недостатокот од свеж кислород додатно ја уништуваат кожата. Подеднакво делува и изложеноста на претопол или престуден воздух, што е чест случај во зимските месеци кога се грееме во затворени простории, а потоа излегуваме на студен воздух.
Кожата во 20-тите години
Што е вообичаено – кожата на лицето не треба да има брчки. Доколку на лицето почнат да се јавуваат изразени линии пред триесеттата година од животот, тоа е дефинитивно знак за претерано изложување на сонце.
Како да ја сочувате кожата? – пијте доволно вода и имајте квалитетен сон. Исто така, користете крема со заштитен фактор SPF 30 и доколку сте пушач, избегнувајте ги цигарите за да ја спречите појавата на претерано стареење на кожата.
Кожата во 30-тите години
Што е вообичаено – по триесеттите години од животот, појавата на ситни линии околу очите, како и на челото е сосема нормална. Исто така, нормално е појавата и на неколку надолжни брчки помеѓу веѓите.
Како да ја сочувате кожата? – користете крема со заштитен фактор преку целата година, како и богата хидратантна крема наутро и навечер.
Кожата во 40-тите години
Што е вообичаено? – хоризонталните линии на челото почнуваат да се обликуваат во доцните триесетти и раните четириесетти години од животот. Освен тоа, се продлабочуваат брчките помеѓу образите и усните, а подочниците стануваат поизразени.
Како да ја сочувате кожата? – кремите со ефект на ексфолијација и микродермоабразија можат да ја подобрат состојбата и изгледот на кожата (ги ублажуваат оштетувањата од стареењето и надворешните фактори). Секако, употребата на заштитните препарати со SPF 30 до 50-тите години е задолжителна!
Здравје и убавина
Три совети за контролен внес на јадење „благо“

Ако конзумацијата на слатки стане секојдневие, може да се случи да почнете да водите сериозна борба со губење на килограмите. Затоа за вас подготвивме некои совети, што ќе ви овозможат да избегнете прекумерно внесување на шеќер во телото.
1. Избегнувајте производи без шеќер
Ако сакате да јадете нешто слатко, дозволете си неколку колачиња или ред чоколадо, бидејќи сè е добро додека е умерено. Тоа е многу подобро отколку да бирате производи “без шеќер”, кои често имаат вештачки засладувачи и вкусови, кои се повеќе штетни и предизвикуваат глад.
2. Најдете замена за белиот шеќер
Кога имате потреба за шеќер, најдобро е наместо благо да јадете овошје. Најдобрата замена за белиот шеќер е сок од овошје, кој подеднакво долго ќе ве држи сити. Покрај тоа, добра замена се и екстракт од ванила и цимет, кои се исто така добри засладувачи и можете да ги користите за да го засладите кафето.
3. Обврнете внимание на исхраната
Желбата за шеќер настанува ако вашата исхрана е базирана на обични јаглени хидрати и заситени масти. Решението е поголемиот дел од вашата исхрана да се базира на влакна и протеини, кои долго ќе ве држат сити, а со самото тоа и ќе ја намалат потребата за шеќер.
/denar.mk
Здравје и убавина
Доколку се борите во вишок килограми, оваа намирница во исхраната дефинитивно ќе ви помогне

Многу е важно во дневни активности да вклучите вежбање за да се ослободите од вишокот килограми, но во тоа може да ви помогнат и фстаците. Доколку се борите со вишок килограми и поголем обем на половината, ви предлагаме да ја вклучите оваа намирница во исхраната.
Фстаците се богати со влакна, минерали и витамин Б комплекс, одлични се за подготовка на оброк и ќе ви помогнат подолго да бидете сити. Луѓето кои во својата исхрана вовеле фстаци го намалиле вкупниот внес на калории од јаглехидрати.
Тие 20 проценти од вкупните калории добиле од фстаци, 60 проценти биле јаглени хидрати, 15 проценти протеини и 25 проценти масти. После 6 месеци групата што јадела фстаци имала 1,75 сантиметри помал обем на половината. Исто така, им паднал холестеролот и шеќерот во крвта.
Фстаците можете да ги додадете во смути или во тесто, чорби и супи, да ги мешате со јогурт или да ги јадете како закуска.
/denar
Здравје и убавина
Со чај од Камилица до здраво срце и мир, еве неколку корисни работи кои сигурно не сте ги знаеле..

Чајот од камилица најчесто се користи кај дигестивни нарушувања, иритација на очи или релаксација кога сме под стрес. Меѓутоа, овие не се единствените позитивни ефекти на оваа лековита билка. Камилицата содржи антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и ги намалува воспалените процесите и болка во телото.
Исто така, не само што чајот од камилица не смирува и помага кај несоницата, туку и самиот мирис на есенцијалното масло од камилица помага кај вознемиреноста и го подобрува расположението.
Благодарение на флавоноидите кои ги содржи камилицата делува и кардиопротективно – за подобро кардиоваскуларно здравје препорачливо е да се пие една до две шолји чај од камилица дневно.
Камилицата ги смирува грчевите во цревата и ги релаксира абдоменалните мускули, така што помага и при лошо варење, гадење и дијареа. Пиењето чај од камилица ги смирува и воспалените непца и помага за заздравување на афти.
Една чаша чај од камилица дневно, најдобра е пред спиење, која е едноставна превентива за разни болести, како и решение за добра форма и расположение.
/denar
-
Хороскоп2 дена
Следните хороскопски знаци ги очекуваат многу новости идниот месец
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (23 март)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (24 март)
-
Кичево1 ден
Работник од Младо Нагоричане вчера настрадал при извршување градежни активности во Кичево, трет пријавен случај месецов…
-
Македонија4 часа
(ВИДЕО) Апсење како на филм на наплатна Тетово, запленета дрога во вредност од 100.000 евра
-
Временска прогноза1 ден
„Србиноски Турс“: Останаа уште неколку празни места за на саем во Белград по одлична цена!
-
Магазин8 часа
Еве колку би можел да чини iPhone 15
-
Кичево7 часа
Вчера бил пријавен пожар во помошна котлара на РЕК „Осломеј“, нема повредени..