Следете не

Магазин

Машката прељуба е пожелна во бракот?!

Avatar

Објавено пред

на

Новата книга за женската прихологија ги советува мажите да ги вараат жените, бидејќи прељубата ја чува брачната среќа.

Една од најпознатите француски авторки на психолошки дела Мерис Ваилант тврди дека машката превара е пожелна за врската или бракот.

Во својот најнов бестселер ја подржува т.н. рехабилитациска прељуба и дека мажите не треба да се казнуваат поради прељубата бидејќи тоа претставувало чин на “ослободување”.

Според податоците во нејзината книга “Men, Love, Fidelity”, секој четврти маж во Франција ја изневерува својата сопруга оправдувајќи се дека тоа е неизбежно.

Мажите не ги изневеруваат сопругите бидејќи не ги сакаат, туку им е потребен празен простор од моногамниот статус.

Авторката која по 20 години брак се развела од “верниот” сопруг тврди дека оние кои не изневеруваат дека немаат цврст карактер.

Верни мажи се оние чиј татко бил физички и емоционално отсутен. Тие имаат идеализирана слика за улогата на сопруг и како да се извршуваат должностите. Според авторката тоа се мажи кои се затворени во сопствената слика за мажот како глава на куќата.

Ова може да претставува утешување за жените на француските политичари кои јавно морале да ги преболат прељубите на сопрузите, но сепак ова гледиште е шокантно за сите оние кои имаат рамноправна поставеност со партнерот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Хороскоп

Дневен Хороскоп (30.09) среда

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес ќе биде средно успешен ден за вас. Тензијата ќе попушти напладне. Во домот ќе владее хармонија и среќа кај оние кои во брак. Оние кои се во врска љубовта ќе се зголеми. Вашиот партнер ќе се чувствува среќно и исполнето покрај вас. Ќе успеете да ги надминете противниците. Здравјето е во одлична состојба.

БИК
Морате да направите баланс помеѓу вашата креативна сила и интелектуална работа. Денес избегнувајте некои поголеми вложувања. Оние кои се студенти, вложениот труд ќе вроди со плодови. Ќе бидете заинтересирани за социјална работа. Ако сте сингл, на повидок е љубовна врска.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе биде средно успешен ден за вас. Ќе постои некоја тензија во комуникацијата со соработниците, ќе имате чувство дека вашата напорна работа не е вреднувана. Оние кои се во брак им предстои разбирање и добра взаемна комуникација во домот. Оние кои се заљубени ќе уживаат во друштвото на партнерот. Вашето здравје ќе варира.

РАК
Вашиот смирен ум ќе ви донесе многу поволности. Доколку имате дете, му претстои блескава иднина. Променливоста на времето може да донесе промени во вашето здравје, внимавајте што конзумирате. Постои опасност од конфликт со родителите, не бидете лути беспотребно. Ќе успеете да надминете некои препреки.

ЛАВ
Овој ден е особено поволен за Лавовите, вашата работа ќе вроди со плод. Ќе добиете прилив на финансии кој ќе ве опушти. Оние кои се во брак може да доживеат некоја стресна ситуација. Оние кои се во врска треба повнимателно да се посветат на партнерот. Чувствителност во грлото.

ДЕВИЦА
Ви претстои добивка од вашата нова работа. Ќе постигнете успех со помош од некој близок член од семејството. Ќе се чувствувате ослободено со прилив на неочекувани финансии. Доклку сте дале позајмица, ќе ви биде вратена назад. Избегнувајте да влегувате во конфликт со личности од вашето опкружување. Можно е да се соочите со конкуренција на работното место. Бидете внимателни на вашите зборови, можно е да повредите некој драг.

ВАГА
Денес ќе бидете приморани да донесете некоја важна улога, тоа ќе ве направи анксиозни и ќе предизвика стрес. Денешниот ден нема да биде особено профитабилен за вас, внимавајте на трошоците. Оние кои се во брак ќе дојдат до конфликт со партнерот, тоа ќе предизвика тензија. Ако успеете да го контролирате бесот, проблемот ќе биде брзо надминат.

ШКОРПИЈА
Денес е поволен ден за вас. Ќе размислувате позитивно а тоа ќе се одрази на вашата добивка. Оние кои се во брак ги очекува идилични мигови со семејството. Оние кои се во врска ќе планираат средба со саканиот. Ќе морате да се посветите повеќе на работата за да остварите подобри резулатати. Водете поголема грижа за здравјето.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе привлечете внимание кај сите околу вас. Ќе морате да донесете некоја важна одлука. Оние кои имаат талент за пеење ги очекува добра понуда. Ќе успеете да вратите нечија услуга. Ненајавен гостин од блиското семејство доаѓа да ве посети, тоа може да ги попречи некои ваши планови.

ЈАРЕЦ
Ќе доживеете значаен успех на работното место. Ќе бидете охрабрени од профитот кој ќе го остварите. Оние кои се во брак ги очекуваат пријатни хармонични мигови. Можни се некои проблеми со законски работи. Некои Јарци кои се во врска ќе размислуваат за брак.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе биде невообичаен ден за оние кои се во брак. Ќе видите нешто посебно во вашиот партнер кое не сте го виделе претходно. Ќе побарате помош од партнерот во решавањето на некоја задача. Тоа ќе ви помогне да го зголемите вашиот профит.

РИБИ
Денес ќе размислувате како да ја зголемите вашата добивка и кои чекори да ги превземете. Ќе имате слободно време да го поминете со саканиот. Ќе сакате да се посветите повеќе на вашата врска па ќе организирате романтична средба. Одлична комуникација со вашите блиски.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Магазин

Маргаринот и не е толку нездрав продукт

Avatar

Објавено пред

на

Маргаринот долго време е на тапет дека е нездрав продукт. Но, во последните месеци нутриционистите се обидуваат да го спасат неговиот веќе лош углед тврдејќи дека е здрав продукт.

Нутриционистите сега тврдат дека маргаринот е всушност здрав и дека во неговото производство со години не се користат опасните транс-масти.

Маргаринот долго време е на тапет дека е нездрав продукт. Но, во последните месеци нутриционистите се обидуваат да го спасат неговиот веќе лош углед тврдејќи дека е здрав. Според нив, маргаринот е прехрамбен производ кој се одбива од растително масло, богат е со добри масти и витамини,поради што има важно место во умерената исхрана.

Се истакнува дека разните митови и заблуди за маргаринот се темелат на неточни информации и процеси во рамки на призводството.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Што прават успешните луѓе после работа?

Avatar

Објавено пред

на

Сите имаме некакви навики по завршување на работните обврски, но што точно прават оние најуспешните? Хафингтон пост, се обиде да ги собере одговорите од најмоќните луѓе на светот, па пренесуваме дел од нивните совети.

Исклучување

Тоа значи дека по напуштањето на канцеларијата потребен ви е вистински одмор, па и да е само еден час. Исклучете се целосно и од мобилните телефони и од компјутерот. Не мора да значи дека ќе спиете, може да испиете кафе со пријател/ка, но без погледнување на телефонот или проверување на електронската пошта.

Излегување на пијалак

Умерената консумација на алкохол не може да ви наштети, па опуштање со еден пијалак добро ќе ви дојде.

Секс

Сексот го намалува крвниот притисок, така што се намалува ризикот од срцев удар и рак на простата, а го подобрува сонот. Сексуалната активност намалува одредени заболувања.

Свирење инструмент

Алан Русбрингер, уредник на Гардијан, секојдневно успева во распоредот да вметне дваесетминутно свирење на пијано. На тој начин се опушта и добива поголема мотивација за работа. Тоа не мора да биде токму пијано, туку било кој инструмент е добредојден, па и да сте почетници. Но, треба да знаете и дека слушањето добра музика, дејствува добро на расположението.

Екотерапија

Ова не е ништо комплицирано, едноставно прошетка или пикник на чист воздух.

Квалитетен сон

Ова не треба дополнително да се споменува, но оптимални часа на спиење морате да пронајдете.

Семејство

Дружење со семејството или со блиските пријатели секогаш доаѓа добро по напорниот работен ден. Не ги заборавајте, тие се секогаш тука кога нешто не ви оди како што треба.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 2 минути

Дневен Хороскоп (30.09) среда

ОВЕН Денес ќе биде средно успешен ден за вас. Тензијата ќе попушти напладне. Во домот ќе владее хармонија и среќа...

СпортПред 1 час

(ВИДЕО) Еве кој ќе го наследи големиот Икер Касиљас – синот Лукас, кој со прекрасна одбрана на голот го најави големиот талент

Судејќи според видеото што легендата на Реал и шпанската репрезентација го објави денеска на Инстаграм, синот Лукас со неговата одбрана...

МакедонијаПред 9 часа

Денес 112 новозаразени од Ковид-19, 8 починати

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 46...

МагазинПред 10 часа

Маргаринот и не е толку нездрав продукт

Маргаринот долго време е на тапет дека е нездрав продукт. Но, во последните месеци нутриционистите се обидуваат да го спасат...

КичевоПред 10 часа

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар вчера

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко...

ЗабаваПред 10 часа

Кога е вистинско време за кафе?

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот,...

Живот и стилПред 10 часа

Што прават успешните луѓе после работа?

Сите имаме некакви навики по завршување на работните обврски, но што точно прават оние најуспешните? Хафингтон пост, се обиде да...

Здравје и убавинаПред 11 час

Газираните пијалаци го уништуваат мозокот

Долготрајното пиење на газирана вода ги менува хемиските процеси во мозокот и влијае на однесувањето. Газираните пијалаци го уништуваат мозокот,...

МагазинПред 11 час

Жените кои глумат оргазам повеќе се наклонети кон неверство

Иако мажите често се обвинети за глумење во креветот, жените се оние кои предничат кога станува збор за лажирање оргазам....

МакедонијаПред 13 часа

Утринава 17 припадници на АРМ имале тешка сообраќајна несреќа

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и...

НАЈЧИТАНИ