Следете не

Здравје и убавина

Се бори против туморите, го намалува притисокот и го чисти црниот дроб

Avatar

Објавено пред

на

Цвеклото има неверојатно висока концентрација на нитрити, кои како што покажале повеќето истражувања го намалуваат крвниот притисок.

Неодамна спроведеното истражување во Лондон откри дека само една чаша сок од цвекло дневно драстично го намалува крвниот притисок.

Истражувањето спроведено во Мелбурн покажува дека притисокот се намалува само шест часа откако ќе испиете половина литар сок. Научниците заклучиле дека смртните случаи предизвикани од кардиоваскуларни болести значително би се намалиле ако луѓето почесто консумираат цвекло.

Истражувањата покажаа дека цвеклото ја зголемува и издржливоста, така што со консумацијата на цвекло може да го намалите напредувањето на деменцијата и растот на туморите – растот на туморите на простата и дојка дури за 12,5 проценти.

Исто така, нутриционистите го препорачуваат цвеклото и при дигестивните проблеми и истакнуваат дека е добро за црниот дроб бидејќи помага во процесот на процесуирање на токсините.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Едноставен лек против воспаление на грло, ангина..

Avatar

Објавено пред

на

Се уште трае сезоната на настинки и грип, па еве еден многу едноставен рецепт…

Потребни состојки:

*1 цвекло

*оцет

Подготовка:

Цвеклото исчистете го и ситно изрендајте го. На 250гр цвекло додадете 1 лажица алкохолен оцет. Оставете да отстои 15 минути па исцедете го низ цедилка. Цвеклото фрлете го со сокот правете гаргара на секои 2-3 часа.

Бидете здрави!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Ќе ви се најде: Домашен лек против главоболка кој го имаме сите при рака

Avatar

Објавено пред

на

Вообичаено кога имаме главоболка веднаш посегнуваме по некое апче. Можеби во моментот го решаваме проблемот, но ако тоа се случува често може само да се создаде нов проблем.

Апчињата колку што се лековити, толку и му наштетуваат на организмот, бидејќи сепак се составени од разни хемикалии со силно дејство.

Главоболката може да биде мошне непријатна и да ви го отежнува нормалното функционирање.

Наместо веднаш да правите комбинација на апчиња, обидете се да направите природен лек, кој ќе ве ослободи од главоболката, а нема штетно да ви влијае.

Потребни состојки:

  • 2 лимони
  • Филтрирана, но не флаширана вода
  • Морска сол

Постапка:

Исцедете го лимонот, додајте онолку вода колку што има сок, додајте малку сол и мраз доколку сакате.

Можеби нема да ви биде омилен пијалак, но може многу да ви помогне, бидејќи морската сол содржи доволно количество електролити, минерали со кои го подигнува енергетското ниво, ја отстранува болката, прави рамнотежа во нивото на сератонин во организмот и го зајакнува имунитетот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој витамин најмногу му одговара на телото во заштита од вируси

Avatar

Објавено пред

на

Спроведеното истражување дојде до нови заклучоци

Заштитата на имунолошкиот систем е од витално значење во овој период. Силен имунолошки систем го штити организмот од вируси и бактерии и е клучот за спречување на сите болести.

Изборот на здрав начин на живот е наважен, како и земањето суплементи по потреба. Кога станува збор за суплменти, витамин Д е неопходен за да се одржи телото здраво, но исто така да може да се справи со респираторна инфекција во случај на инфекција на коронарна вирус.

Витаминот Д ги подобрува ефектите на моноцитите и макрофагите во борбата против патогените микроорганизми, кои се важен дел од имунолошката одбрана и исто така помага во намалувањето на воспалението.

Особено за време на постудените денови, кога нема многу сончева светлина, многу луѓе се соочуваат со недостаток на овој витамин.

Истражувањето покажало дека може да помогне и во заштитата на дишните патишта, пишува британскиот весник „Експрес“.

Недостатокот на витамин Д може да влијае на имунолошкиот систем затоа што витаминот Д го зајакнува вродениот имунитет со регулирање на секрецијата на антимикробни пептиди кои ја подобруваат одбраната на организмот.„Неодамнешната мета-анализа покажа дека витаминот Д има смирувачки ефект врз инфекции на респираторниот тракт“, велат од Светската здравствена организација.

Се проценува дека витаминот Д доколку се користи како додаток во исхраната би се намалиле заболените случаи. Во студијата се наведува: „Витаминот Д се чини дека е способен да ги инхибира белодробните воспалителни реакции додека ги зајакнува вродените одбранбени механизми против респираторните патогени“.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 3 часа

Бројките со новозаразени одат нагоре, денес 120 нови случаи во Македонија

Во последните 24 часа се регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 на спроведени 953 тестирања. Најголем број случаи има...

КичевоПред 3 часа

Рушиме рекорди, вчера нов случај во Кичево од куче скитник, настрада човек на 54 години

На 04.06.2020 година, К.Г.(54) од Кичево, во полициската станица пријави дека на 03.06.2020 година во 21.15 часот, бил нападнат од...

Здравје и убавинаПред 12 часа

Едноставен лек против воспаление на грло, ангина..

Се уште трае сезоната на настинки и грип, па еве еден многу едноставен рецепт… Потребни состојки: *1 цвекло *оцет Подготовка:...

Здравје и убавинаПред 12 часа

Ќе ви се најде: Домашен лек против главоболка кој го имаме сите при рака

Вообичаено кога имаме главоболка веднаш посегнуваме по некое апче. Можеби во моментот го решаваме проблемот, но ако тоа се случува...

Временска прогнозаПред 14 часа

Сончево и топло со засилен ветер, додека викендот што следи ќе имаме вакво време

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено...

ХороскопПред 17 часа

Хороскоп за денес (04.06) четврток

ОВЕН Може да се надевате на многу позитивни околности кои ќе ви донесат деловен успех. Преку интересната комуникација со личноста...

МакедонијаПред 20 часа

Конечна одлука, полицискиот час се враќа од утре!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, донесени се следниве одлуки со цел брза и...

МакедонијаПред 22 часа

Комисијата предлага полицискиот час да се врати на цела територија од 16:00 часот, додека во некои општини целосен карантин

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за повторно враќање на полицискиот час за време на претстојниот продолжен...

КичевоПред 23 часа

Кичево вчера: ТППЕ изгаси стан во пламен, додека жител на с.Зајас каснат од куче скитник на ул. 4-ти Јули

На 02.06 2020 година, околу 13 часот, во стан на улицата „Борис Кидриќ“ во Кичево, случен е пожар, кој, со...

МакедонијаПред 1 ден

Денес троцифрен број на заразени од Ковид-19, дури 101, додека оздравени се 10, а починати четири лица

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59,...

НАЈЧИТАНИ