Кичево Македонија Случувања

Земјиштето над с.Тајмишта не мирува, повторно парчиња одрони на коловоз

Пред малку случајни минувачи забележале одрони на коловозот кон превој Стража во непосредна близина на с.Тајмишта каде што беше санкциониран поголемиот одрон пред 3 дена.

За таа цел екипите на Македонија Пат веќе се излезени на терен и работат на одстранување на остатоците за непречено движење во патниот сообраќај.

Апел за поголемо внимание во сообраќајот и прилагодување на брзината на возење според поставената сообраќајна сигнализација.