Кичево
Опожарена 2000м сува трева во с.Стромогиште + кривична за крадци кои нанеле 100.000 ден штета
На десетти март оваа година, во 15 часот и 30 минути, во кичевското село Долно Строгомиште, случен е пожар со кој, зафатена е површина со околу 2000 метри квадратни сува трева и друга нискостеблеста вегетација.
Со интервенција на територијалната против пожарна единица од Кичево, околу 17 часот, пожарот е локализиран а потоа изгаснат.
Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево против, Н.Р.( 27) од Кичево и Л.А. (28) од селото Грешница, поднесе кривична пријава.
Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот од декември минатата, до февруари оваа година, кога, со употреба на подесен алат и физичка сила врз влезни врати и прозорци, насилно влегувале во куќи и станови.
Притоа, одземале пари и други вредни предмети со што, се стекнале со протиправна имотна корист од 100.000,оо денари.
Инфо: Дневен билтен на МВР /за медиуми
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
Кичево
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.
Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.
– Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“
Галерија од денешниот настан:
Кичево
Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст
Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи 29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.
Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:
•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра
Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.
Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (Мај 2024)
-
Кичево9 часа
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Култура23 часа
Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
-
Македонија1 ден
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
-
Магазин1 ден
На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон