Дома Случувања Временска прогноза Претпладне сончево, попладне пресврт на времето

Претпладне сончево, попладне пресврт на времето

104 прегледи

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена облачност и услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до  28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има за време на деновите од викендот.

Close