Следете не

Македонија

Скопје одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес

Објавено пред

на

Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

– Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година  кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина. Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење, информираат од Град Скопје.

Официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел. Традиционалната крводарителска акција ќе се спроведува од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Во Градскиот парк, кај Школка, вечер во 19:30 часот, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ ќе почне концертот со кој Град Скопје оваа година го одбележува 26-ти јули. Потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.

Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули.

Младинскиот културен центар (МКЦ) го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“ со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца кои ќе почнат во 18:30 часот за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.

Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од скопскиот регион.

Утревечер во 19 часот во Градскиот парк на Школка ќе се одржи и работилница за деца „Обој го Скопје“, инспирирана од боенката „Скопје 091“.

Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас  за подадената рака од хуманите луѓе и за тоа што се направи светот за нас во тие тешки и трагични моменти.

Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

 

Од трагедијата на Скопје целиот свет беше возбуден и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 – 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред точно 54 години, утрината на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути.

Македонија

Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение

Објавено пред

на

Во пресрет на најсветите мигови на Христовото Воскресение, и најголемата радост која му се случува на човечкиот род, свештената Бигорска обител испраќа апел до сите верни што вечерва ќе земат удел во Пасхалната богослужба, да се воздржат од користење на мобилни телефони за време на службата. Сликањето со мобилни телефони го уништува молитвениот амбиент и ја одзема духовната димензија на богослужбата, претворајќи ја во евтина атракција, подобна на световните настани и манифестации. Затоа во тој контекст, би ви биле благодарни доколку и самите ја согледате штетноста на оваа, во последно време доста актуелна навика и во иднина ја отфрлите. На тој начин и вие ќе имате поголема полза од богослужбата, а и на верните околу вас ќе им овозможите со поголем мир молитвено да учествуваат во неа.

Уште еднаш апелираме да се почитува светоста на богослужбата, да не се фотографира со мобилни телефони, затоа што манастирот си има свои официјални фотографи и сите ќе имате можност подоцна да видите фотографии од тие благодатни моменти, што не би ги ни доживеале доколку во рацете држите мобилни. Надевајќи се дека ќе го почитувате овој апел, на сите ви посакуваме Добра Пасха

Известуваат од Бигорскиот Манастир во пресрет на најсветиот празник

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски

Објавено пред

на

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.

Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.

– Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење

Објавено пред

на

1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата.

Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права,  всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.

Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.

За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата.

Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура7 часа

По повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Источник „Балаклија“, покана за Пасхална литија до Господинец утре во Манастир Пречиста

Возљубени поклоници на на Пречистанската обител, преку нашиот медиум, со особена чест ви соопштуваме дека по повод празникот во чест...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за четврток (9 мај)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Гејминг14 часа

Една од најпознатите Counter-Strike мапи се чини дека се враќа, на голема среќа за играчите

Шон „FMPONE“ Снелинг е дизајнер најпознат во заедницата Counter-Strike како креатор на CS:GO верзијата на мапата Кеш. Оригиналниот креатор на...

Временска прогноза20 часа

Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање

Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд...

Спорт21 час

(ФОТО) Завршија активностите од проектот за осветлување на фудбалскиот стадион „Петар Милошески“ во Битола

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ и го пушти во употреба...

Автомобили22 часа

Најскапиот „Bentley“ досега, ги има само 16 примероци, чинат цели 2,3 милиони

Најскапиот Бентли досега е кабриолетот Batur – тој е исто така еден од најмоќните автомобили со SUS мотор кој доаѓа...

Занимливости22 часа

Рекорден профит на Нинтендо, но за сѐ е одговорен најпознатиот водоинсталатер во светот

Профитот на Нинтендо во претходната година се искачи на рекордни 490,60 милијарди јапонски јени или приближно 2,9 милијарди евра. Ова...

Култура1 ден

(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица

Денес 7-ми мај со голема чест и божја благодед бевме дел од традиционалната Литија во Струга со моштите на „Свети...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (8 мај)

ОВЕН Околу Овенот ќе владее мир и ќе донесе хармонија во вашиот дом. Можеби се расправате со член на семејството...

Автомобили2 дена

Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?

Поголемиот дел од сите цивилни Mercedes G-Class од неговото претставување во 1979 година сè уште се на пат денес. „Дури...

НАЈЧИТАНИ