Занимливости
Топло-ладно (лава колач)

Ако сте голем љубител на десерти тогаш токму овој колач е вистинскиот избор за вас. Навистина лесен за приготвување а резултатот е неверојатно вкусен. Рецептот потекнува од Франција и е сосема случаен, кога познатиот кувар Жак Торес додека печел пандишпан за торта, случајно го извадил пред време и приметил дека внатрешноста на пандишпанот била во течна форма. Благодарение на неговата грешка ние денеска можеме да уживаме во овој прекрасен десерт.
Доза
6 колачиња
Потребно време
30 минути
Состојки
- 200 гр. путер
- 200 гр. чоколадо за готвење
- 100 гр. шеќер
- 3 јајца
- 1 ванила
- 125 гр. бело брашно
Начин на приготвување
Вклучете ја рерната на 220 целзиусови степени да се загрее. Чоколадото, путерот, шеќерот и ванилата се топат на пареа. Смесата одкако ке се стопи се трга од шпоретот и се остава една минута да се излади. Потоа се додаваат јајцата, едно по едно и се матат со рачен миксер. На крај се додава брашното и убаво се меша да се изедначи целата смеса. Може да користите керамички модли или пак од фолија. Истите треба да бидат премачкани со путер или маргарин за да не се залепат. Наполнетите модли ги ставате во загреаната рерна и печете ги од 8 до 10 минути. Одкако ке ги испечете оставете да се оладат неколку минути и префлете ги во чинија. Пред да ги сервирате може да ставите по една топка сладолед по ваш избор.
Предност на овие колачиња е тоа што можете да ги смрзнете и во секое време да имате нешто вкусно со кое може да ги изненадите вашите гости.
Пријатен десерт.
Занимливости
По повод 25 години „Google“ ова се најпребаруваните термини за 2023-та година до денес

По повод 25 години на Google, Index ги провери најгугланите термини во 2023 година (до денес). Не е чудно што, според податоците на SimilarWeb, YouTube е најгугланиот термин на глобално ниво и оваа година.
Втор на листата е Facebook, а трет е Pornhub. Четвртата е временската прогноза, па Амазон, па зборот „преведи“. XVideos, Google Translate, Gmail и WhatsApp Web се исто така во првите 10.
Меѓу спортските теми, најгуглани термини се НБА (11 место) и „Премиер лига“ (18 место). Инстаграм е на 12-то место, Твитер на 15-то, додека самиот Гугл е на 16-то место на најгуглани термини. ChatGPT е 20-ти најгуглан термин оваа година, а топ 20 вклучува и порно.
Интересно е што на листата на топ 100 најгуглани поими нема ниту една личност, односно име или презиме. Податоците беа ажурирани на 14 септември годинава.
Вака изгледаат 20-те најпродавани термини на Гугл во 2023 година (до денес):
youtube
facebook
pornhub
weather (vremenska prognoza)
amazon
translate
xvideos
google translate
gmail
whatsapp web
nba
instagram
xnxx
traductor
twitter
google
porn
premier league
google maps
chat gpt
Занимливости
Научници целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом кај мажите, кој може да даде резултати за неплодноста кај поединци

Научниците целосно дешифрираа мистериозен хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува Ројтерс.
Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозоми и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.
Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучително и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.
– „Би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи за ова“, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.
Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за прв пат.
– „Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостасуваше на нашите геномски мапи“, истакна Рије за медиумите.
Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучително и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.
Ново и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.
Занимливости
Поради довербата на потрошувачите зголемен e обемот на работа, „Станица Стража“ има потреба од дополнителен персонал за работа

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините, поради зголемениот обем на работа има потреба од повеќе персонал, односно на позициите „пица-мајстори во кујна & касиери“, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или 076/355-400
, а може и да дојдат во објектот директно.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Хороскоп22 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза7 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември