Занимливости
Вашето име открива кои стe: Нумеролошко пророштво

Според познавачите, секој глас има своја нумеричка вибрација, а повеќе споени гласови создаваат одговарачка нумеричка констелација.
Па така, слободно може да се каже дека името кое се добива по раѓањето претставува нумеролошки запис за човекот.
ТАБЕЛА ЗА ГЛАСОВИ И БРОЕВИ
А=1
Р=80
Е=5
З=500
И=9
Ч=900
Д=4
У=200
Х=8
Ќ=800
М=30
Ѓ=400
Г=7
В=700
Л=20
Њ=300
П=60
Ш=95
К=10
Љ=70
О=50
Ц=3
Т=100
Ж=550
Н=40
Б=2
С=90
Ф=6
Ј=600
Џ=800
S=800
За да ја пронајдете нумеричката вредност на вашето име, секоја буква заменете ја со соодветниот број.
ПРИМЕР: ЗОРАН
З=500
О=50
Р=80
А=1
Н=40
вк.671
Збирот кој го добивме, 671, го претвораме (разложуваме) на 600 + 70 + 1
Потоа броевите ги заменуваме со толкувањето од ТАБЕЛАТА НА БРОЕВИТЕ, па добиваме:
600 = Духовно и материјално совршенство
70 = Знаење, мудрост и интуиција
1 = Амбиција, страст и намера
Овие три толкувања се особините на човекот кој го носи ова име.
Ако случајно дојде до преминување на лимитот од 1390, го елиминирате првиот број.На пример, 2120, станува број 120, а 120 = Унапредување и чест.
Обратете внимание при претворањето на броевите во стотки, десетки и единици, бидејќи во ТАБЕЛАТА НА БРОЕВИТЕ постојат толкувања и за цели броеви.
ТАБЕЛА НА БРОЕВИ:
1= Амбиција, страст и намера
2=Пропаст и фаталност
3=Спознавање на Бог, душа и судбина
4=Мудрост, сила и моќ
5=Брак и среќа
6= Возвишена работа
7= Среќа
8= Правда и заштита
9= Грижа и неуспех
10= Успех и идна среќа
11=Неслога, одбегнување и недостиг на интегритет
12=Град и име
13=Неправда
14=Жртвување и дарежливост
15=Љубезност и интегритет
16=Љубов и среќа
17=Невнимание
18=Себичност и грубост
19=Непромисленост
20=Мудрост и аскетизам
21=Окултна мудрост
22=Одмазда
23=Предрасуда
24=Патување
25=Интелигенција и продуктивност
26=Хуманитаризам
27=Одлучност и храброст
28=Љубов
29=Новости и информации
30=Брак, признание и слава
31=Желба за признание
32=Брак
33=Добра среќа
34=Сегашниот живот го одредува идниот
35=Љубезност, нежност, шарм и смиреност
36=Генијалност и виша свест на постоење
37=Верност
38=Скржавост и злоба
39=Признание и почит
40=Прослави и свадби
41=Срам
42=Можна болест
43=Духовна свесност
44=Просперитет и среќа
45=Пропаѓање
46=Изобилство
47=Долг и среќен живот
48=Добар вкус и проценка
49=Неспретност
50=Големо подобрување на условите за живот
60=Привремено одвојување од саканото лице
70=Знаење, мудрост и интуиција
75=Материјални задовоства
77=Простување и каење
80=Оздравување
81=Големо знаење и мудрост
90=привремени препреки и проблеми
100=Божја милост
120=Унапредување и чест
200=Страв, неодлучност и несигурност
215=Несреќа
300=Љубов кон мудростите
318=Божји пратеник
350=надеж и правда
360=Дом и пријателство
365=Астрологија и астрономија
400=Долги патувања
490=Духовен напредок
500=Духовна свесност
600=Духовно и материјално совршенство
666=Злоба и осветолјубивост
700=Авторитет и моќ
800=Победа
900=Кавга и војна
1000=Сомилост
1095=Внимателност и воздржаност
1160=Измислени стравови
1390=Обесхрабреност.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет7 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Видео7 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици