Без категорија
Нумеролошки тест

Секое име има свои карактеристики, така што секоја буква е врзана со некој број. Овој “тест” е едноставен – најдете ги буквите од вашето име и презиме и потоа соберете ги соодветно броевите, така што на крајот би добиле едноцифрен број кој има свое специфично значење.
А, И, Ј = 1
Б, К, Ќ, Р = 2
Ц, Г, Л, С, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Џ, Ѓ = 4
Е, Х, Н, Њ, Ѕ = 5
У, В = 6
О, З, Ж = 7
Ф, П = 8
Пример: Блажо; 2+3+1+7+7=20; 2+0=2
Значење на броевите:
1 – Личноста кој го носи овој број е силна, понекогаш дури и егоистична, секогаш во работите тргнува од себе. Има висока интелигенција и е предодредена на среќа. Понекогаш сте живчани, но само поради тоа што понекогаш премногу делуваат растроено.
2 – Овој број носи среќа и задоволство, се работи за дарежлива и стаствена личност. Тоа се емотивни личности, сентиментални и многу, многу романтични.
3 – Ова е возвишен број и личноста која го има е често предодредена за големи случувања. Тие се интелигентни, духовни, па се чини дека често го “слушате” вашето трето уво. Ови лица некои работи ги знаат уште пред да се случат – предосеќаат, и по правило, нив ги очекува «голема судбина».
4 – Овој број претставува солидарност, обврска, потполна затвореност на личноста која го носи. Таквите личности се професионалци, а нивната предност е слободата на умот и кршење на табу темите. Се работи за комплексни личности, одлични пријатели, партнери, деца, родители. На нив, секој може да смета!
5 – Друштвени личности, вистински светски патници. Ја сакаат слободата, дружењето, движењето. На нив најдобро би им одговарало живот во голем град, работа во која ќе комуницираат со многу луѓе. Тие се весели и знаат навистина да уживаат во животот.
6 – Овој број е врзан со работата, таквите лица се способни, секогаш добро подготвени, организирани, често интелектуалци. Тие се одговорни родители, а им лежи професорска работа.
7 – Овој број често се врзува со музите и нивната уметничка дарба. Лицата со овој број се уметнички души. Дали се занимаваат со сликарство, пеење, пишување книги или нешто слично – воопшто не е важно, важно е дека умотноста и креативноста се вмешани. Дефинитивно помеѓу нив се кријат вешти уметници. Покрај смислата за убавините, тие често и физички изгледаат атрактивно.
8 – Ова е кармички број, така што лицата кои го носат овој број живеат речиси сосема поинаков живот. Смирени се, повлечени, својот приватен живот и мисли ги чуваат во себе, мистериозно криејќи ги од околината.
9 – На овие личности им е потребен многу простор, сакаат авантури и ризик. Тие уживаат во секој ден од својот живот. Често се работи за револуционерни, посебни, поинакви и го покренуваат гласот за реформи, за нов начин на живот и секогаш сакаат промени, нешто поинакво и нешто ново.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
Без категорија
(ВИДЕО) Di María ја зепачати резултатската предност од 2 гола за Аргентина по првите 45 минути. Франција ја чека пеколно полувреме..

Фудбалерите на Аргентина и Франција играат во финалето на Светското првенство во Катар. Поведоа „гаучосите“ со голот на Лионел Меси од пенал, а потоа беше забележана неверојатна контра која ја заврши Анхел Ди Марија за 2:0.
По десната страна, Мекалистер истрча, ја префрли топката на спротивниот крај, а од левата страна Ди Марија излезе пред Лорис и лесно ја реши оваа ситуација, по што стрелецот не ја криеше среќата во солзи.
По првите 45-минути, Аргентина е на чекор до шампионскиот трофеј.
Головите:
AT FIRST MESSI SCORES THE GOAL FROM THE SPOT.
AND THEM DI MARIA SCORES ONE OF THE BEST GOAL OF THIS #FIFAWorldCup #ArgentinaVsFrance #Messi𓃵 #Messi pic.twitter.com/bB0duzpr0a— ᴇɪɴꜱᴛᴇɪɴ (@EinsteinG_) December 18, 2022
Messi & Ángel Di María
Argentina goal! 🔥🇦🇷 pic.twitter.com/65cN88ndzn— Ramazan Küsken (@ramazankusken) December 18, 2022
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (26 мај)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево22 часа
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза1 ден
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Lifestyle1 ден
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Спорт2 дена
Утре стартува финалниот турнир на „Детска лига 22/23“ во фудбал, воедно денес беа извлечени паровите за бараж за втората фудбалска лига
-
Музика2 дена
Време е за концерт и музика, утре на кичевскиот подиум ќе уживаме со звуците на Зарина Првасевда & Ансамблот
-
Магазин1 ден
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто