Кичево
Нашиот храм Св.Петар и Павле организира Велигденски натпревар во повеќе категории

Им се соопштува на сите православни христијани дека 110 повод славењето на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН црквата Свети Апостоли ПЕТАР и ПАВЛЕ — Кичево организира избор на: најукрасено Велигденско јајце, најукрасена Велигденска погача, најукрасена Велигденска торта и најако велигденско јајце, а за децата од деветолетките организира и избор на најубав цртеж со мотиви од Христовото воскресение или други Христијански мотиви.
Секој натпреварувач во оваа дисциплина има право на учество само со еден цртеж.
Изборот на најукрасените продукти и цртежи ке се врши на втор ден
Велигден – Понеделник, во просториите на црквата Свети Апостоли ПЕТАР и
ПАВЛЕ
Почетокот на изборот ќе биде во 1 часот,
пријавувањето за учество на изборот се врши на самиот ден, најмалку половина час пред почетокот на изборот на најукрасените продукти.
Секој продукт за изборот е со посебна шифра.
Јајцата кои се украсуваат треба да бидат исклучиво кокошкини и со црвена боја,
Јајцата, кои се украсуваат треба да бидат со мотиви од Христовото воскресение или други Христијански мотиви.
Доколку некој од пријавените учесници на изборот не се придржува кон овие услови ке биде дисквалификуван и нема да му се дозволи учество на изборот.
За прво освоените три места (I, II, III) во дисциплината најукрасено Велигденско јајце, најукрасена Велигденска погача, најукрасена Велигденска торта, и најубав цртеж за децата од деветолетките – организаторот обезбедува и доделува соодветни награди на дисциплината и освоеното место.
Во дисциплината најјако Велигденско јајце организаторот обезбедува и доделува соодветна награда само за прво место — за најјакото велагденско јајце,
По натпреварот и доделувањето на наградите за донесените продукти кои учествувале на натпреварот се организира јавно наддавање — ЛИЦИТАЦИЈА.
ОВАА ГОДИНА [СРЕДСТВАТА ОД ЛИЦИТАЦИЈАТА ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ГРАДБАТА НА ЦРКВАТА КОЈА СЕ ГРАДИ ВО НОВИТЕ ГРАДСКИ ГРОБИШТА ЧИЈА ГРАДБА Е ВО ПОЛН ЕК]
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје18 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Временска прогноза18 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина22 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Големи отпуштања во Amazon: Одделот за испорака на беспилотни летала на Prime Air е на пат