Следете не

Без категорија

(ВИДЕО) Русите дефинитивно знаат како да комбинираат „Јога и Пиво“, погледнете..

Објавено пред

на

Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод – „пивска јога“.

Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби.

– Сакам на луѓето да им биде пријатно – не само да седнат в бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција.

Таа идеја ја добила од двајца јога инструктори од Берлин. Тие пак, биле инспирирани од американскиот фестивал „Burning Man“.

„Пивската јога“ е спој помеѓу две работи коишто сите ги сакаме – пивото и јога. И едното и другото се многувековни терапии за телото, душата и умот. Задоволството од пиењето пиво и сосредоточувањето на јога вежбите се комбинираат и создаваат енергично доживување, според инструкторите.

До скоро имало само две училишта за „пивска јога“ во светот – во Берлин и во Сиднеј, а денес ги има на речиси секој континент.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп47 минути

Хороскоп за недела (14 април)

ОВЕН Собирате се што сте направиле во претходниот период, резултатите ве прават горди. Сè што треба да направите е да...

Спорт8 часа

Екипата на „ФК Кичево“ со денешната победа во Битола станаа шампиони во регионалната лига на ген. 2009

Денес во Битола се одигра одлучувачки дерби натпревар помеѓу екипите на ФК КИЧЕВО и Топ Гол од Битола. Големината на...

Кичево10 часа

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (13 април)

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви...

Автомобили1 ден

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Volkswagen ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот и иновациски центар во кинескиот град Хефеи. Центарот Хефеи ќе...

Магазин1 ден

Google ја објави првата бета верзија на Android 15, што носи новото ажурирање?

По две изданија за преглед, првата целосна Android 15 бета е подготвена за преземање, но моментално само за корисниците на...

Социјални мрежи1 ден

Промени кај платформата „Х“ на Илон Маск, на корисниците нема да им биде овозможена оваа опција

Платформата X повеќе не им дозволува на корисниците да ги кријат своите сини беџеви од верификацијата, односно потврда, без разлика...

Спорт1 ден

Судиска анализа на првата македонска фудбалска лига, има низа нерегуларности

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 26. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот ФК Силекс – ФК Гостивар одигран на 06.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 4, 20...

Технологија2 дена

Мајкрософт поправи рекорден број безбедносни проблеми

Мајкрософт официјално испорача рекорден број безбедносни ажурирања за своите производи, а компанијата ги окарактеризира овие ажурирања како критични. Според компанијата,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (12 април)

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

НАЈЧИТАНИ