Временска прогноза
Денес продолжува сончевото време. Детали и за наредните денови
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и рано попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во југоисточните делови.
Дневните температури ќе се движат од 23 до 30 Целзиусови степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Кичево слично време, сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен дожд и дневна температура до 29 степени.
И во наредните денови ќе имаме сончево и топло време со температури до 30 степени. Само во сабота во попладневните часови се очекува наоблачување и краткотрајни локални поројни врнежи од дожд.
Временска прогноза
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време.
РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец. Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.
Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.
За нашиот медиум пишува Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.
На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.
Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.
НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).
Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).
Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.
За порта.мк истакна Славчо Попоски.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Автомобили21 час
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Lifestyle6 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Македонија1 ден
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина1 ден
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..
-
Занимливости2 дена
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година
-
Мобилни уреди1 ден
Новото чудовиште од Samsung, серијата Galaxy S23 ќе го добие првиот модел на издржливо стакло „Gorilla Glass Victus“