Забава Занимливости

ЧУДО: Вулкан се движи кон морето!? (ФОТО)

Најновите истражувања покажуваат дека вулканот Етна полека, но сигурно се лизга кон Средоземното Море.

Ова е првпат научници да забележат движење на вулкан, благодарение на повеќе од 100 GPS станици поставени на планината Етна, кои собираат податоци во врска со нејзиното позиционирање последниве 11 години.

Лизгањето е бавно, но е незапирливо, а како вулканот ќе тоне ќе предизвикува и други опасности како создавање на цунами во околните региони.

Ова постојано движење ќе претставува проблем и за вулканолозите, затоа што ќе имаат потешкотии да предвидат кога ќе се случуваат следните ерупции и во кој правец ќе тече магмата.

Податоците покажуваат дека вулканот се движи во источен и југоисточен правец, надолу за 1-2 степени, кон крајбрежниот град Џаре кој се наоѓа на 15 километри оддалеченост од него.

Годишно вулканот се придвижува во просек 14 милиметри што значи дека опасноста не е непосредна, но опасноста во бавното движење е што тоа ќе предизвика создавање на притисок и стресови кои ќе водат до поголеми промени во пределот.

Доколку за 10 години брзината на движење е двојно зголемена, тогаш тоа би било опасно. 

 

Close