Кичево
Кичевската коњаница го започна својот пат за Крушево

Кичевската коњица „Манастир Пресвета Богородица-Пречиста“ и годинава, по четврти пат ќе биде дел од „Илинденскиот марш“ кој ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
11 коњаници од Кичево, Демир Хисар и Крушево маршот го започнаа утринава од манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ каде претходно и ноќеваа. Во текот на својот пат тие ќе го посетат и родното село на Јордан Пиперката-Козица, ќе поминат кај Манастирот „Свети Илија“ на Илинска Планина, во славното Смилево, историското Прибилци и патот ќе го заврши на Мечки Камен во легендарното Крушево.
Самостојната Кичевска коњица „Манастир Пресвета Богородица-Пречиста“ ќе ја сочинуваа 11 коњаници од кои 7 беа дел од оваа коњица и во претходните неколку години. Кичевската коњица своето патешествие го започна утринава од Манастирот „Света Пречиста“ каде по утрешата богослужба среќен пат ни посака јеромонахот Ќирил, по што беше избран војводата на коњицата од самите учесници, а тој за годинава е Христијан Митрески.
Потоа се упативме кон Кичево преку селата Манастир Доленци и Србјани, а по пристигнувањето во градот се споивме со Мавровско-Реканската коњица и заедно ја посетивме црквата „Свети Петар и Павле“ во Кичево, по што го продолживме патот до селото Козица, каде што ќе ноќеваме и каде ќе биде организирана комитска вечер, а ќе го посетиме домот на големиот војвода Јордан Пиперката. Следната ден ќе ноќеваме во Манастирот„ Свети Илија“ на Илинска Планина, потоа во Смилево, Прибилци и на крај во Крушево. Во сите места каде што ќе ноќеваме ќе биде организирана комитска вечер, а попатно ќе бидеме дочекани и од жителите во селата каде што ќе поминуваме – истакна Станоја Станојоски, еден од основоположниците на самостојната Кичевска коњица.
Извор: Зоран Антоски
Кичево
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија8 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Македонија7 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија23 часа
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!