Збесна среде програма во живо: ТВ водителот на Фокс стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

632 прегледи

Гери Френк е метеоролог кој за американската телевизија, „Фокс 17“ прави извештај за временската прогноза.

Неговите колеги водители од истата телевизија, како и бројни граѓани на Мичиген кои никако не можат да го дочекаат топлото време, негодуваа која овој метеоролог им соопшти дека ги очекува уште една студена недела, со температури под просекот за оваа доба на годината.

Видно изнервиран поради тоа, Френк, пред неколку дена наместо да претстави временска прогноза, на програмот во живо, почна да приговара на своите колеги и да зборува дека не е он тој кого луѓето би требало да го обвинуваат што времето е лошо.

„Вие ме излудувате. Секојпат кога претставува седмодневна прогноза, бие негодувате и произведувате звуци, без оглед на тоа кога се појавувам. Би сакал да ми кажете „Ова се одлични вести“. Што сакате, да лажам?“, жестоко на програмата се обрати метеорологот.

И додека неговите колеги во позадина се смееја, настапот на Гери за кратко време стана хит на интернер и социјалните мрежи.