Барем според последните анализи со кој ние располагаме, вистинска снежна бајка нема да донесе и февруари месец, освен повремени и послаби снежни врнежи.
Сепак истиот ќе биде просечно студен, што значи температурите ќе бидат во границата на нормалните за месец февруари.
Оваа метео анализа важи за целата територија на Македонија, вклучувајќи го и Скопскиот регион.
Ако вака останат работите вистинска снежна бајка нема да видиме во градовите и во новиот зимски месец (февруари). НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во анализата сигурно дека ќе има, но кавки промени ни следуваат останува да видиме понатаму.
Сепак и покрај овие анализи, се надеваме дека конечно феруари месец конечно ќе го покаже своето вистинско лице кога зимата е во прашање, и ќе донесе многу снег во градовите и вистинска снежна бајка.
Инаку утре и повторно од четврток локално ќе има послаби врнежи претежно од снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (над 60 км/час). Наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата и понекаде истите се очекува да се спуштат близу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, а во југоисточните предели температурата се очекува да се искачи до околу 11 степени.
За порта пишува Славчо Попоски