Временска прогноза
Полека припремете ги зимските гуми, следната недела нов ладен бран!
На летното време кое е невообичаено за овој дел од годината конечно му се гледа крајот и тоа во текот на следната недела кога според сегашните анализи некаде над централен и северен Атлатик би се стационирал поизразен Антициклон (поле на висок воздушен притисок).
Сето ова од Арктикот кон Европа и Балканскиот Полуостров би условило продор на значително постуден воздух кој би ги спуштил температурите на воздухот за 10 до 20 степени ширум Европа и Балканот во однос на оние кој ги имаме сега.
Овој бран ширум Европскиот Континент ќе услови и врни од снег и зимски температури кој ќе се спуштаат и под нулата.
Студениот воздух некаде по средината на следната недела кога би стигнал над нашите краишта поточно некаде над Италија би условил формирање на циклонски систем кој во нашите делови ќе услови врнежи. Какви би биле врнежите и со кој интензитет нови информации во следните детални и обновени анализи.
ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Полека но сигурно се гледа крајот на летото и невообичаено високите температури на воздухот.
За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
Временска прогноза
Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање
Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
-
Култура1 ден
(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 мај)
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (9 мај)
-
Автомобили1 ден
Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?
-
Гејминг6 часа
Една од најпознатите Counter-Strike мапи се чини дека се враќа, на голема среќа за играчите
-
Занимливости14 часа
Рекорден профит на Нинтендо, но за сѐ е одговорен најпознатиот водоинсталатер во светот
-
Магазин1 ден
iPhone 17 Slim ќе го замени моделот Plus во генерацијата на телефони на Apple следната година
-
Магазин1 ден
Apple и Samsung ги држат првите 10 позиции на листата на најпродавани мобилни телефони