Следете не

Кичево

Во Кичево одбележан меѓународниот ден на мајчиниот јазик (ФОТО)

Avatar

Објавено пред

на

Со литературно читање на домашни поети и ученици од две основни училишта, ОУ„ Христо Узунов“ и ОУ „Санде Штерјоски“, во Центарот за култура во Кичево беше одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари. Најпрво присутните од името за Центарот за културa ги поздрави Елена Попоска-Петреска.

– Мајчиниот јазик е силен инструмент за зачувување и развивање на идентитетот на еден народ. Промоција и ширење на мајчиниот јазик е неопходна за заштита на културните традиции во светот, кои ги зацврстуваат разбирањето, толеранцијата и дијалогот меѓу народите. Грижата за мајчиниот јазик е света обврска за сите нас од сите генерации- подвлече Попоска-Петреска.

Ученичките од ОУ„ Христо Узунов“ од 7-мо и 8-мо одделение, Анастасија Јаковческа, Евгенија Спасеска и Елена Николоска, по литературното читање на своите творби истакнаа дека изразувањето на мајчиниот јазик и неговото постоење е траен белег на еден народ.

– Јазикот е континуитет кој секогаш ќе не следи и вонвременски ќе трае се додека постоиме како народ. Токму затоа за сите нас трајна обврска е да го негуваме и чуваме јазикот – истакнаа ученичките од ОУ „Христо Узунов“.

Зоран Антоски, Кичево

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Кичево

(ФОТО) Кичевската перална „Виктор“ со топла вода на минусните температури

Avatar

Објавено пред

на

За прв пат во нашиот град покрај достапноста за самоуслужување на вашиот автомобил овозможено ќе биде перење со „топла вода“ која за сегашниот зимски период носи посебна нега и отстранување на секој мал дел од зимските остатоци по најтешко достапните површини на возилото.

+ Сите заинтересирани за нови и половни гуми, „ВИКТОР“ исто така ви нуди голем избор на пневматици по екстра цени со дополнителна бесплатна монтажа и балансирање.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевска парохија со важни информации по повод Богојавление Водици

Avatar

Објавено пред

на

Поради пропишаните владини мерки оваа година ќе изостане вообичаеното традиционално празнување на празникот Богојавление (Водици).

Богослужбата на Водокрст (18. 01. – Понеделник) ќе започне во 07.00 часот, а потоа ќе следува Богојавленски водосвет. Водичарските кумови и останатите верници кои ќе сакаат да земат осветена вода, тоа ќе можат да го направат од водосветот до 16.00 часот.

Годинава изостанува одењето по куќите од соодветниот крст и групирањето во селските домови.

Оние кумови кои сепак ќе решат да го предадат крстот на новиот кум (без прослава), тоа ќе можат да го направат утрото на Водокрст по богослужбата и водосветот.

Ви благодариме на разбирањето.
За многу години!

Извор: Кичевска парохија

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!

Avatar

Објавено пред

на

Кичевчанката Ивана Маркоска пред нешто повеќе од месец дена направи хуман гест кој ги заслужува сите почести, имено на свој креативен начин цртајќи новогодишни честитки во 4 различни дизајни успеа да ги поттикне нашите сограѓани и жителите од другите градови да ги купат, а собраните финансии директно да ги донира онаму каде според Ивана било најпотребно!

За себе вели дека за најранливите категории на граѓани годинава беше особено немилосрдна, и здравствено и економски. Затоа, решив да се потрудам да направам нешто со хуманитарни цели!

Графички приказ на промо флаерот за продажба на честитките

Честитките биле изработени со многу љубов и внимание, со оригинална новогодишна замисла, додека истите се продаваа во Скопје „Вега“ на Рузвелтова и во Кичево преку нејзината сестра и фан страната „Клопче“.

Според Ивана заработката од честитките ја добија следните: Хуманитарното здружение „Надеж“, организацијата за заштита на животни „Среќни Шепи – Happy Paws“, и пари за лице кое проси и се бори за парче леб.

– Ова е уште еден доказ дека кога се сака, се се може и секоја чест за оригиналната идеја на сестрите од Кичево, одлична замисла за културно да се помогне онаму каде најмногу треба! Тренд кој дефинитивно треба да го следиме сите!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ЗанимливостиПред 8 часа

Вашите домашни животни не треба да се хранат со секаква храна, еве што не треба..

Бидејќи за нас е подеднакво важно кучето да биде здраво, како и во топ форма, ова е храната која треба...

АвтомобилиПред 8 часа

BMW планира до 2021 двојно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

БМВ објави дека има намера да ја дуплира продажбата на целосно електрични возила во 2021 година, пренесува Ројтерс. Вклучувајќи ги...

На денешен денПред 8 часа

На денешен ден – 17 јануари

1377 година – папата Григориј XI го врати папскиот престол во Рим, ставајќи крај на „заробеништвото“ на папата во Авињон....

ХороскопПред 10 часа

Денешен Хороскоп (17.01) недела

ОВЕН Нови пријатели, нови ставови и нови цели би можеле да излезат на сцената. Некои настани ќе ве поттикнат да...

АвтомобилиПред 11 час

(ФОТО) Револуционерниот концепт Mercedes F 100 го слави својот 30-ти роденден

Овој револуционерен концепт „Мерцедес-Бенц Ф100“ беше предвесник на многу иновативни решенија, кои некогаш беа третирани како „утопистички“, да станат вообичаени...

СпортПред 13 часа

(ВИДЕО) Коментаторот Стојановски со нов легендарен говор за одбојкарскиот успех

Коментаторот Стојановски со нова порака: Политичари, учете од овие момци што се борат за Македонија со целото свое срце Видеото...

КичевоПред 15 часа

(ФОТО) Кичевската перална „Виктор“ со топла вода на минусните температури

За прв пат во нашиот град покрај достапноста за самоуслужување на вашиот автомобил овозможено ќе биде перење со „топла вода“...

МакедонијаПред 16 часа

Денес 361 нови случаи на Ковид-19, 14 лица починале

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 164 -Куманово...

Временска прогнозаПред 19 часа

Вечерва ќе биде најстудено до сега, ова се деталите..

Максимумот на поларниот бран кај нас доаѓа во текот на претстојната ноќ и ќе трае се до вторник, додека од...

КичевоПред 20 часа

Кичевска парохија со важни информации по повод Богојавление Водици

Поради пропишаните владини мерки оваа година ќе изостане вообичаеното традиционално празнување на празникот Богојавление (Водици). Богослужбата на Водокрст (18. 01....

НАЈЧИТАНИ