Следете не

Спорт

Кичевчанецот Мети доби целосна поддршка од ОФС Кичево за нов мандат во ФФМ

Објавено пред

на

Денес во Кичево се одржа Собранието на ОФС Кичево, каде делегатите му дадоа целосна поддршка на актуелниот претседател на ФФМ, кичевчанецот Муамед Сејдини.

ОФС Кичево го предложи за свој кандидат во изборот на прв човек на Фудбалската федерација на Собранието.

Да потсетиме дека Сејдини во неколку наврати истакнуваше дека тој ќе се кандидира за нов мандат на чело на ФФМ само ако неговиот ОФС Кичево му даде поддршка. Таа поддршка е тука па така неговата кандидатура е и официјална.

Присутните делегати и Сејдини беа поздравени од заменик директорот на АМС, кој притоа посака нова успешна година за македонскиот фудбал.

Да му посакаме среќа и успех во новата кандидатура!

Спорт

Македонските фудбалски надежи до 14 години одиграа нерешено против Словенија во вториот контролен меч

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Нашата репрезентација прва се закани по голот на противникот уште во 4. минута. Крстевски во 16. минута имаше одлична можност, се најде сам очи во очи со противничкиот голман, но без реализација. Во 18. минута Словенија поведе со 1:0.

Во 52. минута Ристиќ имаше шанса за Македонија, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент. Во 80. минута Павлов постигнува еврогол со кој го израмнува резултатот и ги поставува конечните 1:1.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) Завршија активностите од проектот за осветлување на фудбалскиот стадион „Петар Милошески“ во Битола

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ и го пушти во употреба рефлекторското осветлување на фудбалската гордост во Битола.

На бетонски столбови долги речиси 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го ослетлуваат теренот и трибините на „Петар Милошевски“. Во последната фаза, се работи уште на калибрирањето на светилките.

Обврските кои Фудбалската федерација на Македонија ги презеде за реконструкција на стадионот во Битола, целосно се завршени. Од поставувањето на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот, се до модерно и по стандарди на УЕФА рефлекторско осветлување. Средствата ги обезбеди ФФМ преку „Хет-трик“ програмите на УЕФА. Со изградбата на новата јужна трибина и со проектите кои ги реализиравме, Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри. Пелистер се врати во Првата лига и од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Прочитај повеќе...

Спорт

Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија денес ја истакна својата судиска анализа, од судиската комисија која ги разгледа спорните моменти од 30. коло на првата македонска фудбалска лига и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФK Силекс – ФК Работнички одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

81. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа странично од голот центрираше топка во 16-сетникот на домаќините, при центаршутот топката удри во раката (која беше во неприродна положба, одвоена од тело) на играч на домашната екипа.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволена игра со рака (неприродна положба и одвоена од тело) на домашен играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Шкупи одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 86. минута.

Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

86. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (за сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и поништен гол, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа центрираше во 16-сетникот на домашната екипа, топката ја прими играч на гостите кој во момент на додавање на топката беше во иста линија со претпоследниот  играч од екипата на домаќините, со тоа што ногата на домашниот играч беше за 20 см. понапред, топката се одби и играч на домаќините си даде автогол. Премногу тешка ситуација за проценка за асистентот судија.

Иако помошниот судија беше во одлична позиција и во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините  и ситуацијата беше премногу тешка за проценка, сепак одлуката беше погрешна, бидејќи играчот на гостите при додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција.

На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Струга Трим Лум одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 45 и 75 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.

45. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа даде долга топка во 16-сетникот на домаќините странично од голот, на неа тргнаа голманот на домаќините и играч на гостите, играчот на гостите прв стигна до топката, ја удри на страна и потоа дојде до  минимален контакт со ногата на голманот, но при контактот голманот не направи никакво движење со ногата за прекршок.

Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот помеѓу голманот на домаќините и играчот на гостите беше минимален и притоа голманот не направи никакво недозволено движење со ногата за да се досуди пенал.

75 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1)

Играч на гостите од корнер центрираше топка во 16-сетникот на домаќините, топката одеше кон друг играч на гостите, но беше спречен да игра со топка од противнички играч поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со силен интензитет).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со силен интензитет) на играч на домашната екипа над противнички играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.

На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П – ФК Воска одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 18 минута.

Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Зоран Јанкуловски и Владимир Митревски.

18 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа  беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната екипа, сакајќи да помине противнички играч дојде до контакт (играчот беше статичен и не направи никакво дополнително движење со телото) и гостинскиот играч падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи,  дуелот беше коректен и домашниот играч не направи никакво недозволено движење со ногата (стоеше статично).

На натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера А.П. одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 38 и 50 минута.

Главен судија: Ивана Пројковска. Помошни судии: Бранко Путилин и Мартин Петковски.

38. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домаќините беше во посед на топка странично (близу корнер линијата) во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домаќините ја удри топката во ногата на противнички играч, топката потоа се одби и удри во раката (која се наоѓаше во природна положба и кратко растојание помеѓу играчите) на друг играч на гостинската екипа.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи топката се одби од ногата на гостиснки играч и удри во рака на свој соиграч, каде раката му беше во природна положба и близу телото.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.

50. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домаќините прими топка од соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа, истиот играч ја удри топката и дојде до контакт (тело со тело) со противнички играч, по што домашниот играч падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи дуелот (тело со тело) беше коректен и немаше никаков недозволен старт од играчот на гостите.

На натпреварот ФК Брегалница Штип – ФК Вардар одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 44 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.

44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домашната екипа упати долга топка во 16-сетникот на гостинската екипа, негов соиграч ја прими топката, при примањето на топката минимално и без интензитет беше повлечен за дрес од противнички играч и играчот од тој контакт падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи повлекувањето за дрес на играчот на гостите над домашниот играч беше минимално, без интензитет и недволно за пенал.

Судиска анализа за 27. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

На натпреварите од 27. коло од Втора МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, истакнаа за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (10 мај)

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

Спорт4 часа

Македонските фудбалски надежи до 14 години одиграа нерешено против Словенија во вториот контролен меч

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две...

Магазин15 часа

Google претстави нов паметен телефон од серијата Pixel

Телефонот на Google може да привлече корисници од средна класа со одлична камера со опции за вештачка интелигенција. Google официјално...

Автомобили15 часа

Tesla во петок го прекина производството во германската фабрика, на работниците им е забранет влез

TESLA во петок ќе го прекине производството во фабриката Gruenheide во близина на Берлин, потврдија денеска од компанијата откако во...

Магазин15 часа

ChatGPT добива интернет прелистувач

Најавено е дека OpenAI ќе го претстави својот интернет прелистувач за ChatGPT на настан закажан за 9 мај 2024 година....

Магазин15 часа

Вештачката интелигенција заштедува околу 30 минути дневно на работа

Двајца од тројца работодавци не би вработиле некој кој нема вештини за вештачка интелигенција, а 71 отсто претпочитаат помалку искусни...

Магазин15 часа

Gmail: Како да креирате сметка за е-пошта на Google Workspace

Gmail е една од најстарите и најпопуларните услуги за е-пошта, која им нуди на корисниците збир на услуги на Google...

Магазин15 часа

Google ќе користи вештачка интелигенција за подобрување на сајбер безбедноста ВИДЕО

Новиот производ од Google се однесува на сајбер безбедноста и ги обединува проектите Gemini, Mandiant и VirusTotal. Луѓето и компаниите...

Култура1 ден

По повод празникот во чест на Богородица на нејзиниот Источник „Балаклија“, покана за Пасхална литија до Господинец утре во Манастир Пречиста

Возљубени поклоници на на Пречистанската обител, преку нашиот медиум, со особена чест ви соопштуваме дека по повод празникот во чест...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (9 мај)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

НАЈЧИТАНИ