Кичево
Зејно Бајрами од Кичево е новиот шампион на шаховскиот турнир за слепи
Кичевчанецот Зејно Бајрами го освои првото место на Отворениот турнир во шах за слепи и слабовидни лица, во индивидуална конкуренција, кој практично беше и државно првенство, што се одржа во Кичево. Од вкупно 14 шахисти кои учествуваат од целата земја, второто место му припадна на Лазар Калчески од Битола додека, пак, третото место го освои Лиман Лимани од Тетово.
– Задоволен сум од освојувањето на овој турнир, кој за мене е втор освоен турнир за краток временски интервал, по освоеното прво место неодамна во Тирана, исто така, во индивидуална конкуренција. Оваа победа ме стимулира поинтензивно да работам и тренирам уште повеќе во наредниот период и се надевам на нови успеси – порача победникот Бајрами.
Секоја чест!
Vecer.press
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“
Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.
Дворот на храмот заштитник на град Кичево беше претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.
Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!
Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески
Кичево
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
Вчера и официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал по повод ,,7ми мај – Денот на Македонската полиција” организиран од страна на Претседателот на Совет на МПС Охрид Јетмир Реџепи, членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети и Претседателот на ОО на МПС-Кичево Сејдин Сејдини. Учесници на турнирот беа екипи од подрачјето на ОВР Кичево составени од членови на Македонскиот Полициски Синдикат.
На завршниот турнир присуствуваа и свечено го затворија Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и началникот на ОВР Кичево Амдин Емини воедно доделувајќи го пехарот за прво место на екипата ПС за ОН Кичево.
Второ место беше екипата на ПО за БПС Кичево, трето место беше екипата на ПО Зајас.
За најдобар играч беше прогласен Дриљон Лика, најдобар голгетер беше прогласен Филип Филипоски и за најдобар голман беше прогласен Дарко Темелковски.
Истакна претседателот на Македонски полициски синдикат д-р Марјан Кицев.
Повеќе фотографии ТУКА
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
-
Хороскоп1 ден
Празничен Хороскоп за недела (5 мај)
-
Македонија1 ден
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
-
Кичево13 часа
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
-
Култура1 ден
Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (6 мај)
-
Свет4 часа
Внимавајте! Новиот „android“ вирус наречен „Brokewell“ може да пристапи до вашите банкарски сметки?
-
Култура2 дена
„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“