Следете не

Спорт

Венгер е нов шеф за развој на глобалниот фудбал во ФИФА

Објавено пред

на

Арсен Венгер е нов шеф за развој на глобалниот фудбал во Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Најважната споредна работа во машка, но и во женска конкуренција ќе биде во описот и попис на работа на Французинот кој ќе се прашува за фудбалски правила и закони, ќе носи важни одлуки, а ќе води сметка и за прашања од техничка природа.

„Се радувам што ќе учествувам во овој исклучително важен предизвик, не само затоа што од секогаш бев заинтересиран за ангажман во фудбалот од оваа перспектива туку и поради глобалната мисија што ја има ФИФА. Мислам дека новиот состав на оваа организација од срце се грижи за фудбалот кој е нејзина најважна цел како и развој на играта во сите можни компоненти“, изјави Венгер.

Францускиот менаџер се поврзуваше ос кормилото на Баерн Минхен по разделбата со Нико Ковач, но раководството на Баварците очигледно има поинакви планови, па Венгер продолжи да бара работа.

Беше слободен по заминувањето од Арсенал, меѓутоа вистинска понуда на негова адреса не стигна. Имаше можност да биде и спортски директор на ПСЖ, но одби во исчекување на шансата што не се пропушта.

Спорт

Сејдини и првиот човек на ФИФА Инфантино продолжуваат со беспрекорна соработка за доброто на фудбалот

Објавено пред

на

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се сретна со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како македонската.

Сејдини додава дека одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата.

Дополнително г. Инфантино ни вети дека подршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец, истакна Муамед Сејдини.

Прочитај повеќе...

Спорт

Катерина Милевска дел од врвна програма на ФИФА под менторство на селекторот на САД, нашиот македонец г-дин Влатко Андоновски

Објавено пред

на

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во проектот „Coach Mentorship Programme” за развој на нова генерација женски тренери.

20 женски тренери учествуваат во програмата на ФИФА под менторство на 20 најуспешни тренери на женски репрезентации во светот.

Катерина Милевска за свој ментор го доби селекторот на женската репрезентација на САД, нашиот Влатко Андоновски.

Двајцата за прв пат имаа можност да се запознаат на Светското првенство за девојки до 20 години кое се одржа во август во Костарика. Таму беше организирана тридневна работилница, која всушност за младите женски тренери значеше непроценливо искуство за добивање знаење од врвните тренери, како и учество во анализа на тренинзите и натпреварите од шампионатот за млади фудбалерки.

Покрај обезбедувањето на талентирани тренери со ментори од светска класа, програмата исто така, има за цел да им помогне на женските тренери да постигнат поголеми резултати на нивните сегашни позиции, да понуди тренерски насоки и поддршка за развој на кариерата.

Ова е одлична програма. Ни овозможува да запознаеме одлични тренери, со неверојатно искуство зад себе кога е во прашање женскиот фудбал. Исто така, ни овозможува да ги споделиме сите наши искуства на теренот, да комуницираме едни со други за работи низ кои сме поминале, или кои можеби ги поминуваме. За мене е голема привилегија што Фудбалската федерација на Македонија ми даде можност да бидам дел од оваа програма, а посебно што за свој ментор го имам Влатко Андоновски. Навистина е важно за мене да научам колку што можам повеќе, да слушам колку што можам повеќе и да споделувам колку што можам повеќе. Имаме неверојатна можност да учиме од најдобрите во женската игра“, вели Катерина Милеска.

По завршувањето на семинарот во Костарика, Влатко Андоновски неколку денови помина во нашата држава, каде што заедно со Катерина Милевска работеа на подготовка на следниот нејзин предизвик со репрезентацијата на Македонија до 17 години.

 

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ распишува конкурс за тренерски курсеви во различни нивоа за лиценци

Објавено пред

на

Македонската фудбалска федерација во рамките на својот едукативен центар е во активна изработка на детален годишен план за курсеви за тренери на различни нивоа на едукација за сезона 2022-2023. За таа цел информираат дека секој заинтересиран кандидат е неопходно да пополни прашалник кој е отворен до 16.10.2022. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои го изразиле својот интерес преку пополнувањето на прашалникот.

Непополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на курсевите кои би се организирале/започнале до крајот на 2022, а следна можност за пријавување заинтересираните кандидати би имале најрано во Јануари 2023, а за курсеви кои би се организирале не порано од Април 2023.

Кон пополнување на прашалникот може да се пристапи на линкот ТУКА

Пред негово пополнување, од ФФМ апелираат за  тоа добро да се погледнат критериумите за учество на секој курс поединечно објавени во детали во документот во прилог, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат условите за учество на курсот за кој се интересираат и кои им се можностите.

Воедно, информираат дека сите кандидати согласно актуелната тренерска конвенција, почетно ниво на тренерска едукација е УЕФА Ц диплома, воспоставена и од ФФМ почнувајќи од Мај 2022.

Кандидатите пак кои се интересираат за највисокото ниво на едукација – УЕФА ПРО диплома, конкурс за упис на следна генерација ФФМ не е во можност да објави пред пролет 2024.

На следниот линк ТУКА, ќе најдете основни критериуми за учество на едукативни курсеви во организација на „ЦЕ“ на ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

Сејдини и првиот човек на ФИФА Инфантино продолжуваат со беспрекорна соработка за доброто на фудбалот

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се сретна со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш...

Спорт8 часа

Катерина Милевска дел од врвна програма на ФИФА под менторство на селекторот на САД, нашиот македонец г-дин Влатко Андоновски

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во...

На денешен ден8 часа

30 септември – На денешен ден

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп10 часа

Викенд Хороскоп за петок (30 септември)

ОВЕН Доколку имате деца, денес ќе сакате да ги разгалете. Сепак на крајот на краиштата работите за денови како што...

Временска прогноза14 часа

Значителен пад на температурите и дождови, еве за кога се најавите..

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до...

Македонија15 часа

ЦУК: Армиската единица ја продолжува потрагата по возачот на возилото кое пред два дена излета во река Вардар кај Желино

Во моментов според последните добиени информации од терен екипи од ДЗС Тетово со тимовите за нуркање се повлекле со кординација...

Балкан15 часа

Во голема координирана акција сузбиена организирана криминална група која криумчарела хероин во Хрватска, приведени три лица

Денеска (29.09.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи,...

Спорт15 часа

ФФМ распишува конкурс за тренерски курсеви во различни нивоа за лиценци

Македонската фудбалска федерација во рамките на својот едукативен центар е во активна изработка на детален годишен план за курсеви за...

Магазин18 часа

Google Maps: искусете места на кои никогаш не сте биле

Google Maps често објавува нови функции со цел да ги направи корисниците повеќе заинтересирани за дигитални мапи. Еден од најновите...

Видео22 часа

Што може да преживее Apple Watch Ultra? ВИДЕО

Јутјуберот TechRax го стави првиот издржлив часовник на Apple – Watch Ultra – на неговиот екстремен тест за издржливост. Apple...

НАЈЧИТАНИ