Кичево
Најубавата зимска фотографија на Кичево преку нашиот објектив (ФОТО)

Можеби една од најубавите фотографии од нашиот објектив направена во приквечерието на вчерашниот ден 11.01.2019.
Месност „Крушино“, поглед кон централното гратско подрачје, Илиница и Китино Кале.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Кичево
(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!

Кичевчанката Ивана Маркоска пред нешто повеќе од месец дена направи хуман гест кој ги заслужува сите почести, имено на свој креативен начин цртајќи новогодишни честитки во 4 различни дизајни успеа да ги поттикне нашите сограѓани и жителите од другите градови да ги купат, а собраните финансии директно да ги донира онаму каде според Ивана било најпотребно!
– За себе вели дека за најранливите категории на граѓани годинава беше особено немилосрдна, и здравствено и економски. Затоа, решив да се потрудам да направам нешто со хуманитарни цели!

Графички приказ на промо флаерот за продажба на честитките
Честитките биле изработени со многу љубов и внимание, со оригинална новогодишна замисла, додека истите се продаваа во Скопје „Вега“ на Рузвелтова и во Кичево преку нејзината сестра и фан страната „Клопче“.
Според Ивана заработката од честитките ја добија следните: Хуманитарното здружение „Надеж“, организацијата за заштита на животни „Среќни Шепи – Happy Paws“, и пари за лице кое проси и се бори за парче леб.
– Ова е уште еден доказ дека кога се сака, се се може и секоја чест за оригиналната идеја на сестрите од Кичево, одлична замисла за културно да се помогне онаму каде најмногу треба! Тренд кој дефинитивно треба да го следиме сите!
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Кичево
Вчера во Кичево четири лица пријавиле напад од кучиња скитници

На 14.01.2021 година, А.А.(21) од Кичево во полициската станица пријавил дека неговиот малолетен брат на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, А.А.(43) од Кичево во полициската станица пријавил дека на улицата „Душан Јовески“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 14.01.2021 година во Полициската станица Кичево, Г.Б. (46) од село Другово и Л.Н. (51) од село Пополжани пријавиле дека на локален пат биле каснати од кучиња скитници.
Извор: СВР Охрид
Портпарол: Стефан Димоски
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Кичево
За Стража престанува да важи забраната за тешки товарни возила

Од АМСМ известуваат дека престанува важноста на забраната за тешки товарни возила од 05:50 ч. на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци.
Имајте пријатен пат!
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
-
Музика3 дена
(ВИДЕО) Христијан Тришоски направи прекрасна преработка на песната „Распукај срце ко Шар планина“
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!
-
Временска прогноза3 дена
Поларниот бран доаѓа од вечерва, за „Василица“ снег и на пониските места
-
Временска прогноза17 часа
Поларна воздушна маса од Сибир се движи кон нашата територија, очекувани температури под -20 степени, детали..
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14.01) четврток
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (15.01) петок
-
Македонија3 дена
Денеска 477 нови случаи на Коронавирус во Македонија, починати 10 лица, ова е билансот по градови
-
Кичево21 час
Вчера во Кичево четири лица пријавиле напад од кучиња скитници