Следете не

Спорт

Фудбалерите на кичевски „ФК Напредок“ за чест и со срце кон најстариот клуб нижат победи во третата македонска фудбалска лига-запад

Објавено пред

на

Еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија веќе подолг период мака мачи со спонзорствата, котизации и останатите потребни работи за нормално функционирање во спортот. Пред 8 месеци група граѓани самоиницијативно повикаа за спас на овој клуб кој се натпреварува во третата македонска фудбалска лига-запад со плаќање на котизација за полу сезона во износ од 75,000 денари и се успеа во тоа!

Што се однесува до клубот, во три последователни меча овие златни момчиња кои играат со срце и чест успеваат да триумфираат на домашен и гостински терен, додека денешниот меч беше доста споменуван во јавноста бидејќи пожртвуваноста до последен атом резултираше со пресврт против екипата на ФК Љуботен од Тетово (2:1) (2:3) со головите на Виктор Пејовски, Душко Симјаноски и Никола Аврамовиќ, така што од со свој натпис уште еднаш ги потсетуваат сите институции и спортски ентузијасти да помогнат да не згасне во овој перспективен тим, бидејќи истите го заслужуваат тоа, резултатите се видливи и воочливи!

Ајде НАШИ!

НАПРЕД НАПРЕДОК, Гордост Кичевска!

Спорт

Прес конференција на фудбалските клубови Тиквеш и Воска во пресрет на утрешното финале од Купот на Македонија

Објавено пред

на

©ФФМ

Тиквеш и Воска Спорт утре од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во 31-то финале од Купот на Македонија. На денешната прес-конференција, тренерите и капитените на двата тима ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешното финале.

Ѓорѓи Мојсов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш: „Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот. Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин. Победникот може да го реши еден момент, грешка или инспирација на одреден фудбалер. ”

Александар Вареловски – капитен на ФК Тиквеш:  „Тиквеш има голема традиција, а сега првпат ќе играме и во финалето на Купот. Ќе дадеме се од себе, па и повеќе од тоа, за да слави цело Кавадарци. Подготвени сме, имаме позитивен притисок и навистина се надевам дека победа во финалето ќе биде круна на успешната сезона“. 

Срѓан Захариевски – шеф на стручниот штаб на ФК Воска Спорт: „Тиквеш има голема традиција, иако после толку години првпат кавадарчани стигнуваат до финале. За разлика од нив ние сме млад клуб кој постои неколку години, ова е прва година во Прва лига за Воска и веднаш стигнуваме до историско финале што е голем успех. Првенството го завршивме на посакувано место, па сега одиме да се надигруваме против Тиквеш во Купот на Македонија. Тие се хит во пролетниот дел од сезоната и сакам да им честитам за четвртото место на табелата кое е одлично остварување за Тиквеш. Играат добро, но сепак и ние сме во добра форма, долго време сме без пораз и дојдовме во Скопје да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија. Еднаш бев учесник во финале како тренер на Металург и загубивме од Работнички. Се надевам дека сега со Воска Спорт ќе бидеме поуспешни и дека ќе ги оствариме нашите цели“.

Костадин Захов – капитен на ФК Воска Спорт: „Очекувам добар натпревар. Тиквеш е квалитетна екипа, играат офанзивен фудбал и заслужено се тука. Ние исто така имаме свои очекувања од мечот за титула. Многу е поинаку од моите претходни искуства во вакви натпревари. Веројатно и многу поголем предизвик. Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до пехарот. Блиску сме до пехарот, но треба и да се одигра финалето на најдобар можен начин”, за јавноста истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) Антонио Сталески од „ФК Кичево“ прогласен за „играч на турнирот“ во Швајцарија каде за ФК АП. „Брера Струмица“ кичевчани донесоа шампионски пехар!

Објавено пред

на

©porta.mk

Од рубриката спорт ја имаме таа чест да споделиме една ексклузивна вест со јавноста дека децата од генерацијата 2009 на ФК Академија Пандев „Брера Струмица“ под раководната палка на тренерот Васко Тодоров го освоија меѓународниот турнир „Трофео Локарно“ во Локарно Швајцарија, каде учествуваа изминатите три дена, додека генерацијата 2011-та се закити со третото место.

Фокусот нашиот медиум го става на шампионската генерација 2009 која го освои првото место каде одиграа одлично во целиот турнир, а во оваа генерација боите на ФК АП. „Брера Струмица“ ги бранеа нашите деца од „ФК Кичево“, Антонио Сталески, Стефан Војчески и Андреј Петрески.

На престижниот турнир кичевчаните имаа свој голем придонес во шампионскиот пехар кој отпатува за Струмица. Имено Антонио Сталески беше прогласен за најдобар играч на турнирот со постигнати вкупно 9 голови и 7 асистенции, веднаш по него беше Војчески Стефан со прекрасно прикажана игра, 5 голови и неколку асистенции, а со своја доминантност беше и Андреј Петрески, нашиот играч за врска кој го имаше на секаде по теренот.

Стефан Војчески (лево), Андреј Петрески (средина), Антонио Сталески (десно)

Стефан Војчески (лево), Андреј Петрески (средина), Антонио Сталески (десно)

Во финалето домаќинот Локарно беше совладан со 2:0, а победоносните два гола се дело на Сталески за голема радост на своите врсници.

„ФК Кичево“ преку нашиот медиум кој е практично дел од клубот се заблагодарува до управата на ФК АП. „Брера Струмица“ за дадената доверба, посебна благодарност исто така до г-дин Борче Постолов кој се грижеше за нашите момчиња и ги прифати како свои, во текот на целата организациона седмица. Се надеваме дека ова е почеток на една блескава соработка помеѓу нашиот клуб и реномираниот ФК АП. „Брера Струмица“, предводен од најдобриот фудбалер на сите времиња Горан Пандев, истакна Игор Николаевски, тренер на „ФК Кичево

ФОТО: ФК АП. „Брера Струмица“

ФОТО: ФК АП. „Брера Струмица“

Прочитај повеќе...

Спорт

31-во финале во фудбалскиот Куп на Македонија, Тиквеш и Воска Спорт во битка за својот прв трофеј, истакнат и баражот на натпревари за пополнување на Прва и Втора МФЛ

Објавено пред

на

©porta.mk

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. Во среда од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-то финале во Купот на Македонија.

За првпат на финалниот натпревар се пласираа екипи кои досега никогаш не се нашле во меч за титула и за првпат, Тиквеш и Воска Спорт преку овој натпревар ќе имаат шанса да излезат во Европа, односно во квалификациите за Лигата на конференции.

Финалето на Купот на Македонија е нешто посебно, битката за пехарот несомнено е дека ќе биде спектакл. Тиквеш и Воска Спорт апсолутно заслужено се најдоа во финалето. Со своите настапи во досегашниот дел од ова натпреварување покажаа најмногу, ги минаа сите пречки, покажаа квалитет и сега ќе бијат битка за пехарот, но и за пласман во Европа.

Патот до финалето во Купот на Македонија:

ТИКВЕШ

1/16 ФИНАЛЕ: АРСИМИ – ТИКВЕШ 1:2

1/8 ФИНАЛЕ: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:1

1/4 ФИНАЛЕ: ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5П)

1/2 ФИНАЛЕ: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0:0, 0:0 (3:5П)

ВОСКА СПОРТ

1/16 ФИНАЛЕ: КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0:10

1/8 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0:0 (4:1П)

1/4 ФИНАЛЕ: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0:1

1/2 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0, 1:2

Историјата покажува дека во финалните мечеви нема фаворити и нема аутсајдери. Тоа се тие 90 или 120 минути, па и пенал – серии во кои треба да го покажеш тоа најмногу што го знаеш, нема поправен, нема реприза, нема втора шанса. Историјата, поточно традицијата кажува кога станува збор за финалињата во Купот на Македонија дека на последните шест средби или четири во низа, се изведувале пенал – серии.

Ова ќе биде 31. финале во Купот, а се започна во сега веќе далечната 1993 година кога на, тогаш, Градски, пред 20.000 гледачи Вардар со 1:0 со голот на Савов во 86.минута го победи Пелистер и се радуваше на првиот трофеј. Следуваа 30 финални мечеви,имаше спектакли како оној во 2003 кога Цементарница во блескаво финале, по 4:4, победи на пенали. Потоа имашеи супер интересни завршницикако во 2006 кога Ивановски му го донесе пехарот на тимот од Ѓорче, секако ќе го паметиме оној гол на С. Пандев во 2009 година во 90.минута за 1:1 меѓу Работнички и Македонија ЃП. Не смее да се заборави ниту финалето во 2000 година кога среде Прилеп, тогаш Слога Ј со неверојатни 6:0 славеше над Победа. Интересно, на последните шест средби дури петпати или четири во низа, пеналите го решавале победникот. Во 2020 година поради Ковидот не се одигра финалето, а сите сме во очекување на дуелот меѓу Тиквеши Воска, екипи од кои се очекуваквалитетно и интересно финале.

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets.

Во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во Street Café, додека поддржувачите на Воска, билетите во Охрид може да ги набават во Т.А. Вис Пој. На денот на натпреварот, билети може да се купат и на билетарата на Националната арена „Тодор Проески“.

Исто така во „Куќа на фудбалот“ беа одредени и паровите за пополнување на Прва и Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2024/25.

ФК ВАРДАРСКИ – ФК КОРАБИ (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Борис Трајковски“, Маџари);

ФК ПОБЕДА Прилеп – ЗГ ФК КУМАНОВО (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Ѓорче Петров, Скопје);

ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 – ФК БОРЕЦ 1919 (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Петар Милошевски“, Битола);

Бараж натпревар за пополнување на Прва МФЛ:

ФК ВАРДАР – ФК ДЕТОНИТ Плачковица (26.05.2024, 17:00 часот, стадион „Благој Истатов, Струмица);

Се игра еден натпревар. Во случај на нерешен резултат, веднаш се пристапува кон изведување пенали, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за среда (22 мај)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Кичево5 часа

Јубилеј 75 години „Македонски Код“ – „ТАНЕЦ“ со целовечерен концерт во Кичево овој четврток, бидете дел и не пропуштајте

Во четврток 23.05 со почеток од 19:30ч во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево гостува Националниот ансамбл за песни и ора...

Спорт6 часа

Прес конференција на фудбалските клубови Тиквеш и Воска во пресрет на утрешното финале од Купот на Македонија

Тиквеш и Воска Спорт утре од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во 31-то финале...

Технологија6 часа

На „DisplayWeek2024“ прикажан монитор со неверојатни 1000 херци на 4K резолуција?!

Во текот на изминатите години, стапките на освежување на екранот значително се зголемија, а сега имаме екран со рекордна стапка...

Кичево9 часа

(ФОТО) Денес традиционално во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ со свеченост се одбележа 21-ви Мај – Денот на единицата

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1...

Автомобили13 часа

Реномираниот „Audi“ го зајакнува партнерството со „SAIC“

Audi дополнително ја интензивира соработката со SAIC и SAIC Volkswagen во договорот за соработка. Audi и SAIC одлучија заеднички да...

На денешен ден23 часа

На денешен ден – (21 мај)

1471 година – англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од Ланкастер, соборен во династичка борба („Војна на двете рози“), беше...

Кичево23 часа

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“ – Кичево, нова специјализирана здравствена установа, затоа што вашето здравје е на прво место!

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“, приватна здравствена установа која се наоѓа на ул. „Пиринска“ бр. 13 – Кичево. Специјализиран...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (21 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија1 ден

Пред нас уште еден споен викенд, доаѓа Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, ова се останатите неработни денови до крај на годината

Овој петок, односно 24 мај – е Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, неработен ден за сите граѓани...

НАЈЧИТАНИ