Балкан
Будење на Босанската полиција, речиси и да им застана срцето! (ВИДЕО)

Администраторите на Фејсбук страницата „Мерцедес Фан Клуб Херцеговина“, објавија снимка на која се гледа дека дури и кога спијат полицајците има некој кој се грижи за ситуацијата да не излезе од контрола.
Совесниот граѓанин ги затекнал како полицајците заспале во службениот автомобил. За да не излезе ситуацијата од контрола, тој стегнал на свирката и експесно ги разбудил.
Не е познато каде и кога е направена снимката, но насмеа многумина на друштвените мрежи.
Балкан
Ноќва почина градоначалникот на Загреб – Милан Бандиќ

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, почина синоќа во Загреб на 66-годишна возраст. Првичните информации според хрватските медиуми се дека Бандиќ починал од срцев удар
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот долгогодишен соработник, доктор и директор на Наставничкиот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар.
По што веста за смртта на градоначалникот ја потврдија и од клиничката болница Свети Дух.
Почивај во мир.
Балкан
Тлото во Хрватска не мирува, пред еден час нов посилен земјотрес кај Петриња со јачина од 4,1 степен според Рихтер

Централна Хрватска околу 11 часот повторно беше погодена од посилен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња, а засега нема информации за можна материјална штета, каде страшниот потрес се почувствува и во Загреб.
Хрватската сеизмолошка служба објави дека во 10.58 часот забележала прилично силен земјотрес кај Глинска Полјана, недалеку од Петриња.
Земјотресот беше почувствуван на пошироко подрачје, а граѓаните известуваат дека се почувствувал и во БиХ и во Словенија.
Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Областа на централна Хрватска постојано се тресе од низата земјотреси што ја погодија областа на крајот на декември.
Најсилен меѓу нив беше 6,2 степени по Рихтер на 29 декември, со епицентар кај Петриња, кога загинаа седум лица и беше предизвикана голема материјална штета во областа Петриња, Сисак, Глина и околните села.
Штетата беше предизвикана и во Загреб и неговата околина, главно на покриви каде беа оштетени оџаци и плочки, особено на зградите кои веќе беа оштетени во земјотресот што го погоди хрватскиот главен град во март минатата година и чијашто јачина беше 5,5 степени по Рихтер.
M4.3 #earthquake (#potres) strikes 43 km SE of Zagreb – Centar (#Croatia) 21 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/oEDX6jDfov
— EMSC (@LastQuake) February 24, 2021
Балкан
Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес.
Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена беше примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се лекуваше од пневмонија.
Лекарите ги презедоа сите потребни мерки за лекување, но немаше подобрување. Попладнево неговата состојба дополнително се влоши заради претходните хронични здравствени проблеми.
За жал, неколкучасовните напори на лекарот КЦВ не вродија со плод, а Балашевиќ почина три месеци пред неговиот 68 роденден.
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Хороскоп3 дена
Хороскоп за денес (5 март) петок
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Кичево1 ден
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Свет1 ден
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години
-
Свет2 дена
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат
-
Македонија23 часа
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар
-
Кичево15 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…