Кичево
Од ❤ за Игор: И Клуб Ресторан „Република“ – Кичево со хумана акција за собирање финансиски средства
И реномираниот кичевски Клуб Ресторан „Република“ кој неодамна почна со работа се приклучува во големата акција за собирање финансиски средства за нашиот пријател Игор Петрески
Да го спасиме Игор за повторно да може да оди!
Дополнителни информации за донирање:[sg_popup id=”25547″ event=”onLoad”][/sg_popup]
☎️ Т-Mobile: 143106
☎️ VIP: 143600
Со секој ваш повик, донирате 100 денари.
Или директно на денарска сметка:
250-0320004052 – 59
Шпаркасе Банка
Име и Презиме: Игор Петрески
За сите кои живеат надвор од нашата држава отворена е и девизна сметка, на која ќе може да се направат финансиски прилив со назнака „За донации за Игор Петрески“
SWIFT: INSBMK22
NAME: SPARKASSE BANKA MAKEDONIJA AD SKOPJE
CITY/COUNTRY: SKOPJE, MACEDONIA
NAME: IGOR PETRESKI
IBAN: MK07250322220204189
ADDRESS: UL. MIRCHE ACEV BR.D/2-13 OHRID0401979433004
Кичево
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
Вчера и официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал по повод ,,7ми мај – Денот на Македонската полиција” организиран од страна на Претседателот на Совет на МПС Охрид Јетмир Реџепи, членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети и Претседателот на ОО на МПС-Кичево Сејдин Сејдини. Учесници на турнирот беа екипи од подрачјето на ОВР Кичево составени од членови на Македонскиот Полициски Синдикат.
На завршниот турнир присуствуваа и свечено го затворија Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и началникот на ОВР Кичево Амдин Емини воедно доделувајќи го пехарот за прво место на екипата ПС за ОН Кичево.
Второ место беше екипата на ПО за БПС Кичево, трето место беше екипата на ПО Зајас.
За најдобар играч беше прогласен Дриљон Лика, најдобар голгетер беше прогласен Филип Филипоски и за најдобар голман беше прогласен Дарко Темелковски.
Истакна претседателот на Македонски полициски синдикат д-р Марјан Кицев.
Повеќе фотографии ТУКА
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
Кичево
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.
Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.
– Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“
Галерија од денешниот настан:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 мај)
-
Македонија11 часа
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
-
Хороскоп7 часа
Празничен Хороскоп за недела (5 мај)
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
-
Култура2 дена
Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Култура6 часа
Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Технологија2 дена
Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..
-
Култура17 часа
„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“