Следете не

Временска прогноза

Кратка стабилизација, па локален дожд за големиот празник

Објавено пред

на

Од утре до четврток времето во Македонија ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТАБИЛНО и ПОТОПЛО и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ. Ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, сепак не се исклучува можноста за сосема слаб локален дожд. Ќе дува северен и северозападен ветер и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Температурите, како минималните утрински, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Наутро истите ќе бидат на многу места над нулата, а максималните дневни температури речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите ќе се искачат до околу 22, 23 степени.

Сепак од петок, па за време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден повторно ќе имаме облачно и врнежливо време. Локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, а температури повторно ќе се намалат, со што на највисоките планински места во Македонија повторно ќе се создаваат услови за нови врнежи од СНЕГ.

Се на се, барем одсега гледано, Велигден ќе го поминеме во знакот на врнежливо време и со пониски температури. Сепак официјална метео анализа околу ова следува овие денови, пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за вторник (7 мај)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Магазин12 часа

Карактеристики што ги наследуваме од родителите, една е клучна за успехот во животот

Секој барем еднаш во животот слушнал нешто како „ги имаш очите на мајка ти, но темпераментот на татко ти“ или...

Култура15 часа

(ФОТО) Најголемиот Христијански празник „Велигден“ во Св. Јован Бигорски е неповторливо духовно доживување, Христос воскресе!

Манастирот Св. Јован Бигорски е на боженствено место, па оттука може да се најде и објаснувањето за начинот на кој...

Култура16 часа

(ВИДЕО) По повод најголемиот христијански празник „Велигден“, жителите на овој дел од Скопје направија видео кое не остава рамнодушен никого, традиција на повидок

Доаѓаме од мало место, полно љубов, приградските села Јурумлери, Нова Колонија, сплотени во едно. Овие села имаат долга историја, места...

Култура23 часа

Денеска е „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (6 мај)

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (6 мај)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Свет1 ден

Внимавајте! Новиот „android“ вирус наречен „Brokewell“ може да пристапи до вашите банкарски сметки?

Ако сте корисник на Андроид, треба да бидете претпазливи од нова тажна форма на малициозен софтвер што се појавува во...

Кичево2 дена

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“

Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле...

Култура2 дена

Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

НАЈЧИТАНИ