Кичево Случувања

Официјално видео од шестата мото-парада во Кичево, во чест на именденот на нашата црква Св.Петар и Павле

Успешно се реализираше и шестата по ред мото-парада низ Кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата православна црква Св.Петар и Павле.

Благодарност до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон денот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број – додаде еден од групата граѓани кои го организираа марширањето.

Наше официјално видео од настанот, уживајте! 🙂