Свет Случувања Спорт

Обезбедувањето „не го препозна“ Федерер, а неговата реакција покажа зошто е најдобар (ВИДЕО)

Анонимен човек во жолта маица стана сензација на Интернет откако се сретнал лице в лице со Роџер Федерер и му покажа кој е главен.

“Сега и Роџер Федерер знае како е да се живее како обичен смртник”, се шегуваа корисниците на социјалните мрежи откако обезбедувањето на Австралија опен го сопре швајцарскиот ас, бидејќи немал акредитација. 

Камерата го сними обезбедувањето токму во тој момент, а Федерер морал да ги почека пријателите да гарантираат за него. За среќа на Швајцарецот, се појави неговиот тренер со уште еден колега и триото можеше да влезе, а секако ова видео стана вирално на социјалните мрежи.

“Понижувачката реакција на Федерер во оваа ситуација покажува зошто е најголем, на теренот и надвор од него. Каква ѕвезда”, беше еден коментар на Твитер.

Некои коментирале дека Австралија иако е опуштена земја, всушност има многу строги правила, а покрај Федерер тоа овој пат го искуси и Марија Шарапова кога наместо околу врат, акредитацијата ја носела во рака.