Кичево
Кичево низ времето: Најсреќните скокачи кои го извадија светиот Крст за Водици до сега

Во пресрет на големиот празник Богојавление Водици со помош на нашата архива, нашите пријатели како и Кичевската Парохија, успеавме да направиме листа со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од Кичевските осветени води назад во годините..
П.С. нека не замерат постарите, доколку некој знае од останатите години може да ни остави порака да дополниме.
- 199* Никола Петрески
- 1996 Злате Матески
- 1997 Златко Богданоски
- 1998 Раде Мисајлески
- 2010 Јовица Тренески
- 2011 Синиша Стојаноски
- 2012 Даниел Симоноски
- 2013 Бобан Стефаноски
- 2014 Тане Србиноски
- 2015 Дени Дамчески
- 2016 Дејан Момироски
- 2017 Дарио Вренцоски
- 2018 Кристијан Врапчароски
- 2019 Христијан Митрески
Бог се јави!
Навистина се јави!
– Оваа година најсреќен кај нас беше Христијан Митрески!
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија19 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза1 ден
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ