Временска прогноза
Се ближи големо невреме
Времето денеска околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Од среда следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината и ќе биде во интервал од 24 до 32 степена
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (3 мај)
-
Кичево1 ден
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Кичево17 часа
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Култура2 дена
Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден
-
Магазин2 дена
На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон
-
Технологија24 часа
На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани
-
Автомобили17 часа
(ФОТО) Официјално најавена Kia „EV6“