Спорт

Ривалдо: Штетно е Барселона да зависи целосно од Меси

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо, им препорача на Каталонците да бараат алтернатива на Лионел Меси.

Според Бразилецот, играта на Барса е премногу зависна од формата на Меси.

– Штетно е Барселона да зависи целосно од головите и асистенциите на Меси. Тој нема да игра вечно. Со секоја измината година, неговото ниво ќе се намалува. Во Барселона има играчи кои се способни да го променат текот на даден на натпревар, но тие не прават ништо и тоа е причина за загриженост. Ретко се гледа Барселона да не успее да освои три последователни натпревари, ја прокоментира Ривалдо кризата во Барселона, цитиран од „А Бола“.

Close