Следете не

Временска прогноза

Топењето на мразот од Антарктикот ја лади климата на Балканот, продолжува ладното време..

Објавено пред

на

Изминатиот период сведоци сме на невообичаено студено време за месец aприл, но и на ЗНАЧИТЕЛНИ врнежи од снег, особено во соседна Србија каде во главниот град на оваа држава, Белград е соборен и aприлскиот рекорд кога се работи за снежни врнежи. Во Белград завчера беа измерени рекордни 19 цм снег и тоа за aприл месец. На Копаоник пак наврнаа дури половина метар снег.

Кај нас во Македонија пак освен на планините, снег провејуваше и во градовите од западниот и од северозападниот дел од државава.

Токму ова е поради Глобалното затоплување. Истото го топи мразот на Антарктикот, поради тоа доаѓа и до ладење на климата во Европа и на Балканскиот Полуостров. Во иднина во Европа и на Балканот снежните невремиња ќе бидат се почести, а студовите се поголеми и подолги, така е барем според последните направени анализи.

Инаку во следниот период кај нас очекуваме нови локални врнежи од дожд и снег, особено на планините, но и потпросечни температури на воздухот, што значи дека и понатаму ќе биде студено за месец aприл.

Пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Летото 2023 најжешко во последните два милениума

Објавено пред

на

Годините на дрвјата потврдуваат дека поминаа 2.000 години откако на северната хемисфера имаше потопло лето од минатата година. Од времето на Римската империја, луѓето на северната хемисфера не доживеале такви екстремни температури.

Новите анализи покажуваат дека минатото лето на северната хемисфера значително е надмината границата на зголемување на температурата од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа, договорена во 2015 година на климатскиот самит во Париз.

Иако се работи за краткорочно прекршување на утврдената граница, метеоролозите и климатолозите предупредуваат дека минатогодишното лето треба да послужи како предупредување за опасниот тренд на брз раст на просечната температура на планетата.

„Кога ќе погледнете долги периоди од историјата, дури тогаш навистина можете да видите колку драматично беше глобалното затоплување во последниве години“, вели научникот Улф Бунтген од Универзитетот во Кембриџ, кој исто така е коавтор на новата студија.

Минатата година, вели тој, беше исклучително топла и овој тренд ќе продолжи доколку драстично не ги намалиме емисиите на штетни гасови со ефектот на стаклена градина.

Бунтген, заедно со неговите колеги климатолози Јан Еспер и Макс Торбенсон од германскиот Универзитет Јохан Гутенберг, составиле рани историски температурни записи користејќи огромни збирки податоци од години на дрвја на северната хемисфера.

Составувањето на вакви температурни извештаи е исклучително важно бидејќи пред илјадници години мерењето на температурата биле ретки и не биле систематски следени.

„Само кога правиме климатска реконструкција, можеме подобро да ја разбереме природната варијабилност и да ги ставиме климатските промени предизвикани од човекот во контекст“, објаснува Бунтген.

Нивните резултати покажуваат дека северната хемисфера минатото лето била за 2,07 степени Целзиусови потопла отколку во истиот период помеѓу 1850 и 1900 година.

Во согласност со нивните наоди е уште една неодамнешна анализа, објавена во февруари од страна на климатската служба на Европската унија, која заклучи дека глобалното затоплување ја надминало границата од 1,5 степени Целзиусови за цела минатата година.

„Точно е дека климата постојано се менува, но затоплувањето во 2023 година предизвикано од стакленички гасови е дополнително засилено од Ел Нињо, што резултира со зголемени топлотни бранови, подолги периоди на суша во еден дел од светот и екстремни врнежи и поплави. во друга“, додава Јан Еспер.

/N1Info

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Времето денес ќе биде променливо овлачно, наместа со пороен дожд и силен ветер

Објавено пред

на

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во главниот град ќе биде исто така променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, за јавноста соопштија од УХМР.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање

Објавено пред

на

Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

(ФОТО) Денес традиционално во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ со свеченост се одбележа 21-ви Мај – Денот на единицата

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1...

Автомобили5 часа

Реномираниот „Audi“ го зајакнува партнерството со „SAIC“

Audi дополнително ја интензивира соработката со SAIC и SAIC Volkswagen во договорот за соработка. Audi и SAIC одлучија заеднички да...

На денешен ден15 часа

На денешен ден – (21 мај)

1471 година – англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од Ланкастер, соборен во династичка борба („Војна на двете рози“), беше...

Кичево16 часа

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“ – Кичево, нова специјализирана здравствена установа, затоа што вашето здравје е на прво место!

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“, приватна здравствена установа која се наоѓа на ул. „Пиринска“ бр. 13 – Кичево. Специјализиран...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за вторник (21 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија19 часа

Пред нас уште еден споен викенд, доаѓа Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, ова се останатите неработни денови до крај на годината

Овој петок, односно 24 мај – е Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, неработен ден за сите граѓани...

Спорт1 ден

(ФОТО) Антонио Сталески од „ФК Кичево“ прогласен за „играч на турнирот“ во Швајцарија каде за ФК АП. „Брера Струмица“ кичевчани донесоа шампионски пехар!

Од рубриката спорт ја имаме таа чест да споделиме една ексклузивна вест со јавноста дека децата од генерацијата 2009 на...

Спорт1 ден

31-во финале во фудбалскиот Куп на Македонија, Тиквеш и Воска Спорт во битка за својот прв трофеј, истакнат и баражот на натпревари за пополнување на Прва и Втора МФЛ

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. Во среда од...

Македонија1 ден

Од ноќеска сите нафтени деривати со намалена цена, ова се новите малопродажни цени

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за...

Магазин1 ден

Голем редизајн на Google Maps сега се тестира на Android

Големиот редизајн на Google Maps од февруари сега почна повторно да се појавува на некои телефони со Android, со нови...

НАЈЧИТАНИ