Следете не

Македонија

МВР: Викендов ќе работат сите одделенија на Управни Служби

Avatar

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20 и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(20.04.2019 година) до 16.00 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на претседателските и локалните избори(недела, 21.04.2019 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Истото ќе важи и за вториот круг кој ќе се одржи на 05.05.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 04.05.2019 до 16.00 часот, а на денот на изборите 05.05.2019 година ќе се издаваат во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Извор: МВР

Македонија

Суви коловози на државните патишта

Avatar

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистрален пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, заради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот ќе почнат да се поставувуваат од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци.

Доо ПРО – ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1,А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром – Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год.(сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07:00 до 18:00 часот почнувајчи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

На ден 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с.Бродец – с.Танушевци од 08.00ч. – 17.00ч. ќе се започне со изведување градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности.

На ден 08.10.2019 од 13:00 часот ќе се започне со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1306, Мало Коњари, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, во времетраење од 30 (триесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Вијадукт Трејд известува дека од 04.10.2019 ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

На регионалниот пат Р-2249 (Мелнички мост – Центар Жупа) делница Брештани – Житинани од 02.10.2019 година поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот повремено (од 20 до 30 минути) ќе биде во прекин. Работите ќе се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот во наредните 20 дена. На местото на кое ќе се изведуваат градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

Од 13.09.2019 г. започнa со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – ГП Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

Oд 19.06.2019 започна со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Прочитај повеќе...

Македонија

Светски ден за подигнување на свесноста за пелтечењето

Avatar

Објавено пред

на

Лицата кои пелтечат не треба да се омаловажуваат, затоа што за нив овој проблем не претставува само нарушување на течноста на говорот, туку и бројни негативни емоции поврзани за говорните ситуации. Нивниот говор можеме да им го олесниме така што нема да го избегнуваме контактот со очите, да не поставуваме премногу прашања, да покажеме интерес и да им дадеме доволно време за одговор, односно да не ги прекинуваме и да не ги брзаме, истакнува директорката на Заводот за рехаблитација на слух, говор и глас, логопедот Силвана Филипова, по повод 22 октомври, Светски ден за подигнување на свесноста за пелтечењето.

Пелтечењето е најстарото и најпознатото говорно-јазично нарушување, кое претставува дисфункција во ритамот и темпото на говорот, односно е нарушување на флуентноста на говорот, при што лицето знае што сака да каже, но тоа е отежнато поради честите прекини, повторувања или продолжувања на гласовите, слоговите или зборовите. Околу 70 милиони лица во светот пелтечат. Едукацијата и свеста за оваа нарушување е мала, па лицата кои пелтечат се среќаваат со голем број бариери, предрасуди и неразбирања.

Најчесто се јавува во периодот од две до пет години кога има интензивен говорно-јазичен развој, кога детето интензивно усвојува нови зборови и кога јазично ја организира мислата и не може да ја вообличи навреме, затоа што говорниот апарат на таа возраст сè уште не е доволно зрел. Улогата на семејството е од огромно значење за лицата кои пелтечат, затоа што ако дојде до неприфаќање и неразбирање од страна на семејството, ова говорно-јазично нарушување може да се влоши и продлабочи.

– Пораката што сакаме да ја испратиме по повод овој ден е „обидете се да ги разберете лицата кои пелтечат. Замислете си што би ви било потребно кога би го имале тој проблем и потоа обидете се да го дадете тоа што мислите дека е потребно. Во однос на третманот на ова нарушување во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас годишно на логопедски преглед доаѓаат околу 2.300 – 2.800 лица, закажани преку матичен лекар, вели доктор Филипова.

Специјалистот за дисфлуентни нарушувања на говорот од Заводот за рехаблитација на слух, говор и глас Нермин Теловска посочува дека, за жал, голем е бројот на лицата кај кои е констатирано постоење на пелтечењето, кое претставува нарушена вербална комуникација.

– Видот на третманот зависи од возраста на лицето со пелтечење, времето поминато од почеток до јавување на логопедски преглед, формата и тежината на пелтечењето. Постојат повеќе методи и техники на третман, кои успешно се применуваат во нашиот завод, такви се модификацијата на пелтечењето, когнитивно-бихејвиоралната терапија, апарати со аудитивна дилеј-програма, техники за релаксација, вежби за развој на мозокот, сензорна интеграција, вибро-акустична терапија, логопедска масажа и други. Нашата цел е кај децата и младите да се подобри состојбата и да се спречат компликациите на когнитивно и емоционално ниво, а возрасните да ги охрабриме и да им ја вратиме самодовербата, бидејќи лицата со пелтечење можат да бидат успешни во сите сфери од животот и во кариерата, исто толку, па и повеќе од тие што немаат пелтечење, но тоа бара соодветна стручна помош, како и поддршка од страна на семејството, училиштето, факултетот и работната средина, вели Теловска.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за пелтечењето од Заводот денеска напладне ќе постават штанд во просториите на ТЦ „Рамстор“ во центарот на градот, на кој граѓаните ќе добијат леток со основните информации за децата со пелтечење и за доаѓањето на логопедски преглед.

Прочитај повеќе...

Македонија

Цената на бензинот од ноќеска се намалува, додека дизелот останува непроменет

Avatar

Објавено пред

на

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно отсега мазутот ќе се продава по цена од 32,954 ден/кг.

Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавинаПред 26 минути

Девет чекори до рамен стомак

Без оглед колку сме стари, секогаш сакаме да имаме рамен стомак, така што нашите фустани да се вклопат совршено и...

МагазинПред 32 минути

ТАКТИЧКИ СМИСЛЕНО: Пет работи кои жените ги прават пред да се впуштат во жесток секс (ФОТО)

Секој чекор пред акцијата во кревет е добро испланиран Спонтан, непланиран секс е една од најдобрите работи во светот, но...

МагазинПред 36 минути

КАДЕ ТРЕБА ДА ОТПАТУВАТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Раковите и девиците во Рим, а водолиите во Русија за Божиќ

Раковите функционираат одлично на места со прекрасни плажи, реки или водопади. Островите во Грција, Рим, Карибите или Малдивите како и...

МагазинПред 40 минути

НАПИВКАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА: Ова е најскапиот алкохол во светот (ФОТО)Станува збор за ликерот „мутаи“

Станува збор за ликерот „мутаи“ Кинеската компанија „Диагео“, за која можеби малкумина чуле, го произведува моментно најскапиот алкохолен пијалак во...

Дом и уредувањеПред 49 минути

ВПИВА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА И ЗРАЧЕЊЕ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ: Успешните луѓе ја имаат оваа билка во своите канцеларии (ФОТО)

Иако не е премногу лично на изглед, ова растение ефикасно го прочистува воздухот во домот или во работните канцеларии. Една...

МагазинПред 55 минути

СЕКС ЗА ВРЕМЕ НА ЦИКЛУСОТ: Еве зошто е добро да водите љубов кога имате менструација

Сега ќе ве разубедиме дека водењето љубов за време на оние денови е полн погодог за понежната половина. Жените го...

Живот и стилПред 1 час

Мажите сакаат црвено и природно

Секоја жена барем еднаш се прашала што најмногу ги привлекува мажите кај понежниот пол. Одговорот на ова прашање го дава...

Живот и стилПред 1 час

Осаменост е поштетна по здравјето од пушењето цигари

Секое второ домаќинство во германскиот главен град Берлин, има само по еден член. Поради тоа, во градот веќе постојат служби...

СпортПред 1 час

Зидан: Сакам доживотно да останам во Реал

Реал Мадрид се наоѓа во мини-криза, но тоа воопшто не го загрижува тренерот Зинедин Зидан. Французинот беше критикуван за лошиот...

КултураПред 1 час

Врвниот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонија

Врвниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс в четврток во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонија. Пред...

НАЈЧИТАНИ