Следете не

Кичево

Водичарските кумови на Богојавленски водосвет во Кичево и Другово

Објавено пред

на

Утринава околу три часот водичарските кумови се собраа во црковниот храм „Св. Петар и Павле“ во Кичево. Околу 150 водичарски кумови присуствуваа на Утрена богослужба, Богојавленски часови и на големиот Богојавленски водосвет.

Потоа кумовите со осветената вода се упатија во своите села, каде ќе ја започнат обиколката на домовите од нивните крстови, пеејќи го Богојавленскиот тропар. Како во кичевскиот храм така и во црквата „Св.Недела“ во село Другово, се собраа кумовите од Копачијата и Беличка река на Богојавленски водосвет.

Видно задоволни кумовите по Богојавленскиот водосвет, исполнети од самиот настан се упатија во родните села.

-Да се биде водичарски кум е посебен момент во мојот живот, бидејќи во нашиот крст има дури 34 куќи и, само трипати во еден век се доживува овој настан и затоа задоволството е големо, а чувството неповторливо-вели Гоце Ѓорѓиоски, водичарски кум во едно од селата во Копачијата.

Фото и текст: Зоран Антоски

Кичево

Кичевскиот храм св.Петар и Павле објавува јавен оглас за „Црковен служител“

Објавено пред

на

Храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, објавува јавен оглас за прием и работно ангажирање на ЦРКОВЕН СЛУЖИТЕЛ (клисар) при храмот.

Поради тоа, кичевското архиерејско намесништво јавно ги повикува сите коишто се заинтересирани за ваквата работа во храмот, да се пријават најдоцна до 01.12.2021 година (вторник).

Како што пишуваат од Кичевската парохија, пријавувањето може да се врши секојдневно во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево од 07⁰⁰ часот до 16⁰⁰ часот, сѐ до последниот ден на 01.12.2021 година.

Со пријавувањето, секој заинтересиран член треба да ги достави своите лични податоци (име и презиме, адреса и свој телефонски број).

Изборот на црковниот служител ќе се изврши по направено интервју кое ќе се одвива поединечно со секој пријавен на огласот.

Интервјуто ќе се одржи на ден 02.12.2021 година со почеток во 16⁰⁰ часот во просториите на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кучиња скитници вчера во Кичево нападнале две лица

Објавено пред

на

На 14.10.2021 година во ОВР Кичево, С.С.(51) од селото Вранештица и Р.С.(68), од Кичево, пријавија дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, биле каснати од куче скитник.

Извор: СВР Охрид

Прочитај повеќе...

Кичево

Тони Андреев и Инструментал Бенд викендов во La Casa, бидете таму

Објавено пред

на

После подолг период поради ескалацијата со коронавирусот и новиот бран најдобрите забави во живо се враќаат на сцената 

Кичевскиот „La Casa“ ресторан кој имаше прекрасен старт на летната сцена продолжува со работа и во есенско-зимскиот дел, кој е среден во топол амбиент.

Поради ограничен број на резервации, контактирајте веднаш на: 076/223-007

Петок:

Сабота:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 16 минути

Денешен Хороскоп (18 октомври) понеделник

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

МакедонијаПред 8 часа

Ова се денешните Ковид бројки по градови

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 178...

МакедонијаПред 15 часа

Утрово земјотрес детектиран во северозападниот дел на Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка скала, утрово околу 7.23 часот беше почуствуван во Маврово и околината....

Здравје и убавинаПред 17 часа

Десет намирници за спас од болки за вашето грло

Болката во грлото е чест и непријатен здравствен проблем во постудените денови. Најчестите причини се вируси или бактерии, но иритациите...

Временска прогнозаПред 17 часа

Облачно уште денес, од утре повеќе сончеви периоди и покачување на дневните температури – Ова се деталите..

Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер...

На денешен денПред 23 часа

На денешен ден (17 октомври)

1797.- Во италијанското село Кампоформио кај Удине, потпишан мировен договор меѓу Австрија и Франција, со што се укина Венецијанската република....

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (17 октомври) недела

ОВЕН Нема да направите грешка доколку строго се придржувате до работата и обврските викендов. Ако одлучите да ја помешате работата...

МакедонијаПред 1 ден

Ковид-19 дневен биланс: 395 нови и 14 починати

Во последните 24 часа направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 177...

МагазинПред 1 ден

Apple го намалува производството на iPhone 13

Недостатокот на чипови влијаеше врз одлуката на Apple да го намали планираното производство на телефонот iPhone 13. Првичните планови беа...

СветПред 1 ден

Кинески астронаути пристигнаа на вселенската станица

Кинеските астронаути пристигнаа во вселенската станица каде треба да престојуваат рекордни шест месеци, објави државниот CCTV. Вселенското летало Шенжоу-13 со...

НАЈЧИТАНИ