Кичево
Еко акциите во Крушино продолжуваат – приклучи се и ти

Оваа сабота 01.06.2019 се одржа третата еко акција во Крушино.
Се започна како резултат на револтот кој се појави кај мене кога видов во каква состојба е Крушино на 2ри мај, ден после прославата на 1ви Мај.
На фејсбук повикав на акција и мала група на големи луѓе се пријави со добра воља да чистиме заедно.
На втората акција веќе се собравме голема група на луѓе, меѓу кои и учениците на О.У. Владимир Полежиноски Бато, кои особено ме израдуваа, бидејќи видов дека млади луѓе покажуваат свесност и грижа за животната средина.
Исто беше и на денешната трета по ред акција, повторно имаше поголема група на граѓани, а овој пат засилување ни беа учениците од О.У. Санде Штерјоски.
На 22.06.2019, во сабота, со почеток во 10:00 часот е закажана уште една еко акција, која планираме да биде и последна акција во Крушино.
Затоа апелираме на масовно присуство на луѓе, се со цел Крушино што поскоро да ја добие убавината која ја изгуби низ годините на запоставеност и заборавеност од надлежните и што поскоро да стане функционално повеќе од досега, за сите нас вљубеници во спортот, природата и здравиот начин на живот, изјавуваат младите кичевчани, воедно иницијатори и организатори на акциите.
Исто така потребни се материјални и финансиски средства за реализација на се што имаме како цел да поправиме и замисла да подобриме, а моментално е во лоша и скоро неупотреблива состојба, затоа ги повикуваме сите луѓе со визија за подобро утре, сите физички и правни лица кои сметаат дека на било кој начин може да придонесат, да не контактираат на e-mail адресата е[email protected] или лично Ангела Мојсоска.
Благодарност до сите луѓе кои се приклучија на акциите и направија мојата желба да стане реално остварлива, се радувам за сите луѓе кои ги запознав на акциите, бидејќи сите тие се прекрасни луѓе со визија, со добра воља, полни со позитивна енергија, ентузијазам, со тимски дух и со непотрошлива енергија, луѓе со кои ја делиме истата желба и заедно се движиме кон иста цел.
Откако ќе завршиме со акциите во Крушино планираме да дејствуваме и на други локации во Кичево и околината, а кон крајот на летото…изненадување за сите.
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
Кичево
Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
За денес најавен прекин на електрична енергија во следните кичевски улици и села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 09.08 – вторник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски населби и села:
- село Цер,Велмевци, Прострање, Кладник и дел од с. Вранештица (Од 08:50 до 15:00 часот)
- дел од ул. Јанко Михајлоски, Стојан Сандески, 15-ти Ноември (Од 10:00 до 13:00 часот)
- Времетраењето од-до може да зависи од ефикасноста на работата.
Извор: струја
-
Хроника10 часа
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
-
Кичево23 часа
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево
-
Хороскоп2 дена
Вторник Хороскоп (9 август)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда [10 август]
-
Кичево2 дена
За денес најавен прекин на електрична енергија во следните кичевски улици и села
-
Култура2 дена
За слобода на денешен ден се војувало на месноста Подуач с.Речани – кичевско, слава им!
-
Временска прогноза7 часа
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела
-
Lifestyle1 ден
Подгответе се, заразните болести ќе се влошат поради климатските промени