Македонија Случувања

Од ноќеска нови намалени цени на горивата

Според традиционалното променување на цените на горивата на секоја втора недела, регулаторната комисија за енергетика според нивната денешна предновогодишна и последна за оваа година, одлука за промена на цените на горивата, одлучија од полноќ цените повторно да се намалат минимално за половина денар.

Односно со ова мало намалување цената на EУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува по 61 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 63 денари, а додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 58 денари за литар..

Ова повторно ќе нагласиме е последна одлука за оваа година и овие нови цени ќе важат во наредните две недели по кои ќе следува нова одлука..