Следете не

Балкан

Уапсени 127 лица во Грција- еве кои забрани не ги почитувале за коронавирусот

Avatar

Објавено пред

на

Од четвртокот 12 март 2020 година, заклучно со вчера, во Грција биле регистрирани 122 прекршувања на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и биле уапсени 127 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, најголем број од прекршувањата биле во саботата, кога во 86 случаи биле уапсени 90 лица. Во текот на вчерашниот ден, бројот е речиси три пати помал, било регистрирано едно прекршување и уапсено 31 лице.

Најголем број од прекршувањата – 48, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Уапсените лица од цела Грција не ги почитувале забраните што се однесуваат на фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни, фурни, слаткарници и сл.

Од грчката полиција велат дека ќе продолжат со контролите за да се заштити јавното здравје.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Балкан

Германија ќе издвои 750 милиони евра за вакцина против Ковид-19

Avatar

Објавено пред

на

Германската Влада стави на располагање 750 милиони евра за да го забрза процесот на производството и развој на вакцина против новиот коронавирус.

Германската министерка за образование и развој, Ања Карлицек, истакна дека речиси 500 милиони евра од буџетот ќе бидат наменети за научни студии и испитувања за вакцината, додека 250 милиони евра ќе бидат наменети за проширување на производствениот капацитет во Германија.

Голем број универзитети и компании ширум светот, вклучувајќи ја и Германија, брзаат да развијат вакцина против Ковид-19, што е предизвикан од пандемијата.

Научниците од САД и Велика Британија идентификуваа стотици мутации на коронавирус, што ја предизвикуваат болеста Ковид-19, но никој се уште не утврди што тоа ќе значи за ширење на вирусот меѓу популацијата и колку ќе биде ефективна вакцината.

Во Германија, повеќе од 170.000 луѓе се заразени со новиот коронавирус, а најмалку 7.484 лица починаа од почетокот на епидемијата.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Балкан

Србија: Од среда се укинува вонредната состојба и „Полицискиот час“

Avatar

Објавено пред

на

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва објави дека вонредната состојба, а со тоа и полицискиот час, може да се укине од четврток, откако ќе биде објавена одлуката во Службен весник и претходно донесена во Собранието.

Со укинувањето на вонредната состојба, се укинува и полицискиот час и цивилниот ангажман на војската.

Вучиќ вечерва изјави дека се исполнети два услови: едниот да има седум дена под 5 проценти зголемување на потврдените случаи на заразени со „Ковид-19“, а другиот да има помалку луѓе на респиратори.

„Ги имаме и двете, кумулативно стекнати услови“, рече тој.

Тој изјави дека очекува дека утре владата, исто така, согласно уставната и правната постапка, ќе добие образложено мислење и позиција на Министерството за одбрана, по што се прави заклучок на Владата, а потоа, со потписите на премиерот и неговиот, одлуката оди во Собранието.

„Треба да биде во среда во Собранието на Ѓурѓовден. Веднаш штом се објави, полицискиот час се откажува, а тоа треба да биде во четврток“, објасни тој.

Оттогаш, рече тој, сè е на одговорноста на граѓаните.

Тој рече дека знаел дека им е тешко на граѓаните дека требале да поминат повеќе време во своите домови, не можејќи да ги извршуваат сите активности што ги правеле, но истакна дека тоа е единствениот начин да ги сочуваме нашите родители, а понекогаш дури и помладите.

„Мислам дека во најголем дел успеавме. Значи, сега е важно да започнеме што е можно поскоро. Ние сме подготвени за забрзување на економското закрепнување. Да не доцниме во однос на другите, да се обидеме да го сториме тоа навреме, а да не ги загрозуваме луѓето“, рече тој.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Аца Лукас направи концерт на „балкон“ за своите фанови, вака изгледаше настанот

Avatar

Објавено пред

на

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа одржа концерт на балкон за своите соседи, кој се пренесувал во живо на социјалните мрежи и привлече илјадници луѓе.

Неговите соседи излегоа на балконите и пееја и ракоплескаа, а имаше и такви што го слушаа Аца од улица, па тој им рече да си одат дома „за оние на телевизија да не речат дека било лошо“.

Погледнете го видеото:

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 1 час

Денешен Хороскоп (02.06) вторник

ОВЕН Подготвени сте да работите прекувремено и максимално да се посветите на работата за да остварите напредок. Доколку ви се...

МакедонијаПред 13 часа

РКЕ одлучи: Од ноќеска по оваа цена ќе точиме гориво

Регулаторната комисија за енергетика си објави новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ. Малопродажните цени...

МакедонијаПред 13 часа

Денес 89 нови случаи на Корона вирус во нашата држава

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 89 случаи и...

КичевоПред 15 часа

Случаи со кучиња скитници како и 186 решенија за изолација, 585 казни за заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација,...

МакедонијаПред 18 часа

Од денес започнува уписот на првачињата

Во период од денес, 1 јуни, до 30 јуни, во основните училишта во земјава ќе се запишуваат ученици во прво...

Временска прогнозаПред 23 часа

И денес слично како и вчера, краткотрајни локални врнежи од дожд можна е и ретка појава на грмежи, од четврток стабилизација на времето

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (01.06) понеделник

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

Живот и стилПред 1 ден

Ослободете се од целулитот за само 30 дена

Благодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми...

МакедонијаПред 1 ден

Бројките не стивнуваат, денес нови 62-ца заболени од Ковид-19 кај нас

Во последните 24 часа направени се 771 тестирање, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24,...

Живот и стилПред 2 дена

Недела е ден за..

Иако многумина ја сметаат неделата за монотон и досаден ден, сепак неделата е онаква каква што ќе направите да биде....

НАЈЧИТАНИ