Временска прогноза
Циклонот Кристијан се ближи до Македонија – метеоролозите најавуваат нова промена на времето
Под влијание на релативно висок воздушен притисок но и на стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од југ за време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност и тоа особено во текот на денешниот ден.
Ќе продолжи и тоа особено денес да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец кој од утре иако се уште ќе го има, но полека ќе го смалува својот интензитет, информира метеорологот Славчо Попоски.
Максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, додека утре како и во понеделник ќе биде уште потопло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Од вторник во текот на денот нашата територија полека ќе потпадне под влијание на циклонот Кристијан, кој од вторник па натака ќе услови почести врнежи и услови за развој на нестабилност, затоа искористете го овој прекрасен и топол викенд за прошетки во природа.
Ув индексот ќе има умерена вредност и ќе има коефициент 6.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 мај)
-
Македонија9 часа
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
-
Хороскоп5 часа
Празничен Хороскоп за недела (5 мај)
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
-
Култура2 дена
Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Култура5 часа
Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Технологија2 дена
Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..
-
Култура15 часа
„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“