Спорт
Нашата футсал македонска репрезентација денес дома ја дочекува Србија

Македонската футсал репрезентација денес од 19:00 часот во С.Ц. „Јане Сандански“ го игра можеби најважниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. По одличното реми на првиот натпревар против Србија, нашата селекција ќе се обиде по втор пат да го изненади силниот противник и да го направи клучниот чекор кон пласман на континенталниот шампионат.
Селекторот Васко Скендеровски вели дека доколку одиграме со истата борбеност и тактички бидеме на високо ниво, можеме да се надеваме на позитивен резултат.
– После одличниот резултат остварен во Врање, не очекува можеби најважниот меч во нашата футсал историја. Со победа речиси ќе бидеме пласирани на Европското првенство во Холандија. Но, како што реков и пред натпреварот во Србија и на овој меч мора да влеземе со ладна глава и со добра, пред сѐ тактичка поставеност на играта да го надмудриме поквалитетниот и посилен противник од нас.
– Добро е што во составот се враќа нашиот капитен Ранготов и ќе имаме поголем избор, но истовремено морам да напоменам дека голем хендикеп е неиграњето на Даниел Де Соуса, играч со големо искуство во вакви натпревари. Се надевам дека со голема борбеност и пожртвуваност ќе успееме по втор пат да го изненадиме најголемиот фаворит во нашата група и ќе ги израдуваме сите љубители на футсалот во Македонија, изјави селекторот на македонската футсал репрезентација, додаде Васко Скендеровски.
Спорт
Ф1: Луис Хамилтон ја освои 99-тата пол позиција во својата кариера

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија Ромања во Формула 1 шампионатот. Хамилтон стигна до 99-та пол позиција во кариерата со време 1:14,411.
Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, кој беше за 0,035 секунди побавен од светскиот шампион, исто така ќе ја започне трката од првиот ред, додека неговиот трет клупски колега Макс Верстапен е трет со заостанување од 0,087 секунди зад победникот.
Четвртото место го зазеде Чарлс Леклерк во Ферари, петти беше возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, проследен со дуото од Мекларен, Даниел Рикардо и Ландо Норис.
Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас го зазеде осмото место, а најдобрите десет ги комплетираа Естебан Окон од Алпина и Ленс Строл од Астон Мартин.
ФОТО: EPA-EFE/DAVIDE GENNARI
Спорт
ФФМ почна со агендата, денес набави 15.000 фудбалски топки за сите лиги

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига).
Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.
Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.
Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ.
Спорт
Нашата репрезентација до 19 години одигра нерешено со Црна Гора во вториот контролен меч

Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник и пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол во првите 30 минути од средбата. Во 36’ добрата игра нашата репрезентација ја круниса со погодок и водство од 1:0. Стрелец на голот за Македонија беше Бехар Фета.
Во продолжението Црна Гора притисна, нашите фудбалери се повлекоа и сето тоа резултираше со погодок во нашата мрежа. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Виктор Џукановиќ во 80’. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба. Во 87’ Aнтонио Мирков пропушти голема прилика да и донесе победа на нашата селекција. За потсетување дека и на овој натпревар младата репрезентација на Македонија беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.
МАКЕДОНИЈА: 12. Гоце Јовчев, 3. Грегори Давков, 4. Реџепи Самет, 4. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев, 18 Мартин Талаков, 20 Џемил Јахији;
Резервни фудбалери: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 8. Христијан Јосифовски, 13. Јован Богдановски, 14. Гордијан Христовски, 15. Александар Коцев, 16. Решат Рамадани, 17. Антонио Мирков, 19 Али Али;
Селектор: Влатко Гроздановски;
-
Кичево16 часа
Причина за сечење на 30 годишните врби во центарот на Кичево
-
Хороскоп2 дена
Викенд Хороскоп [ 16 април ] петок
-
Кичево1 ден
Во недела во дворот на црквата св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за донирање храна и намирници за сиромашни граѓани
-
Македонија1 ден
Денес 908 нови и 31 починати од Ковид. Во Кичево 2321 регистрирани до сега, активни се 317
-
Кичево3 дена
Четири лица од Кичево не почитувале полициски час, додека пет лица безправно управувале возило
-
Македонија2 дена
Ковид биланс денеска, вкупно 890 нови случаи, починале 35 луѓе, од Кичево нови 20 пациенти – апел за почитување на мерките!
-
Занимливости2 дена
(ВИДЕО) Блокирана улица во Измир, Турција и македонска музика во живо еден час пред две години, сите почести за на нашите браќа
-
Кичево2 дена
Жител на Кичево бил нападнат од куче скитник, додека ТППЕ изгаси нов пожар во кичевско