Кичево
Донирај за стационар за животни во Кичево
Почитувани, започнат е проект од страна на „Грифон КИЧЕВО“, здружение за развој и заштита на бездомни животни (невладина граѓанска организација) кој е за цел да ги ЗГРИЖИ и да СЕ ГРИЖИ за оваа ранлива група на животни.
Започнавме со изградба на стационар кој се наоѓа во с. Бигор Доленци, Кичево (стара Кожара) и е постоечки објект во руинирана состојба, а кој со наша, но и Ваша помош, може да премине во удобно катче што ќе биде дом првично за околу 150 бездомни кучиња.
Во процесот за доизградба на стационарот се потребни многу поголеми парични средства, а најголемата улога на овој објект ќе биде стационирање на многуте бездомни кучиња кои ги има во нашиот град и чија бројка изнесува дури 180. Општина Кичево веќе обезбеди стерилизација, кастрација и вакцинација и планот на нашата организација е оваа постапка таму да биде довршена. Со тоа многу од постоечките болести кои се шират од бездомните кучиња ќе бидат решени, како што се шугата, вошките и жолтицата.
Најважното од целиот овој проект е што кучињата ќе бидат тргнати од улица, ќе бидат нахранети и згрижени во топли простории.
Затоа, потребна ни е нам и на кучињата Вашата ПАРИЧНА ДОНАЦИЈА на жиро сметка 210-0729266001-17, НЛБ Тутунска банка или со оставање пари во кутиите сместени во Петшопот и хотел за животни „Нест“ и во кафулето Барфлај (двете лоцирани кај поштата в Центар).
Покрај за помагање на доизградба на стационарот, средствата ќе бидат потребни и за континуирано снабдување со храна за згрижените кучиња, вакцинација, лекување, подобрување на условите за живот и зголемување на капацитетот за згрижени животни.
Исто така, донациите може да бидат и во вид на храна за кучиња, стари ќебиња, јоргани и перници кои се надвор од употреба.
За сите информации може да не’ контактирате на телефонот 075963424 и ќе се договориме за доставата на средствата. Нашето здружение се наоѓа на ул. Јанко Михајловски, бр. 2а и отворени сме за секаква сугестија, помош, идеја.
Однапред ви благодариме за вашата помош и хуманост!
Со љубов , ГРИФОН
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
Кичево
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.
Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.
– Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“
Галерија од денешниот настан:
Кичево
Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст
Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи 29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.
Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:
•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра
Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.
Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (3 мај)
-
Кичево2 дена
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за сабота (4 мај)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Култура15 часа
Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Технологија15 часа
Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..
-
Технологија2 дена
На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани
-
Спорт15 часа
Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“